Основано друштво на словенечки и македонски стопанственици
Прегледано: 399 | Oбјавено на: 14.04.2022
 

Основано друштво на словенечки и македонски стопанственици

 

14.04.2022, Скопје – Бизнисмени од Словенија и од Северна Македонија, вчера, формираа Друштво на Словенечки и Македонски стопанственици.

 

Амбасадорот на Словенија во земјава, Милан Предан, на основањето на Клубот потенцираше дека ова е многу важен момент за стопанствениците од двете држави како и за Амбасадата, која последните години вложуваше многу напори, da cе основа овој бизнис клуб што ќе овозможи многу предности за двете економии. Задоволен сум што стопанската размена меѓу двете држави се зголемува и достигна рекордно ниво од 375 милиони евра, што е за 50 милиони евра повеќе во однос на пред кризната 2019 година. Во следните две -три години, се надевам нашата стоковна размена ќе достигне половина милијарда евра. Исто така, Словенија инвестира во Македонија околу 400 милиони евра, што е сериозна бројка во однос на големината на двете економии“, рече Предан.

 

Според него, Друштвото ќе претставува уште еден партнер за комуникација со државните институции во Северна Македонија и ќе ги штити интересите на сопствените членови.

 

За прв претседател на Управниот одбор е избран Војдан Јорданов, извршен директор на Триглав Осигурување, кој во оваа прилика потенцираше дека постои тренд на зголемување на инвестициите во двете земји и изрази задоволство што сѐ повеќе македонски компании веќе инвестираат во Словенија. Според мене, „здружениот збор железни врати отвора“ е појдовната мисла за ова друштво“, изјави Јорданов.

 

 

 

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations