Џонсон Мети учествува во иницијативата за засадување 70 дрвја на национално ниво
Прегледано: 381 | Oбјавено на: 17.05.2022
 

Британската амбасадорка во Северна Македонија, Рејчел Галовеј и Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија, присуствуваа на засадување дрво пред зградата на компанијата во Скопје.

Со оваа акција, Џонсон Мети учествува во иницијативата за засадување 70 дрвја на национално ниво по повод Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Според Борозанов, ова ја нагласува посветеноста на Џонсон Мети за одржливост и заштита на животната средина.

„Огромно задоволство е што нашата компанија Џонсон Мети е една од 70-те компании и институции во Северна Македонија вклучени во одбележување на овој неверојатен настан. Соодветно е и Џонсон Мети, водечкиот светски рециклатор на метали од платинската група, да се вклучи во прославата на Платинестиот јубилеј, одбележувајќи ги извонредните 70 години на британскиот трон за кралицата Елизабета Втора.

Исто така, сите треба да бидеме свесни дека секое засадено дрво придонесува за заштита на животната средина, што е обврска на сите нас. Конечно, нашите вработени се среќни што имаат можност да поминат извесно време со британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј и да засадат дрво пред нашата фабрика“, изјави Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Скопје.

 

***

 

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети.

Ја инспирираме науката, го подобруваме животот

 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations