Македонија го доби својот 24-ти Ротари клуб
Прегледано: 2197 | Oбјавено на: 30.06.2022
 Македонија го доби својот 24-ти Ротари клуб, откако вчеравечер беше отворен клубот Скопје - Исток.

На отворањето беше присутен и гувернерот на Ротари Дистриктот 1912 (Словенија и Македонија), Душан Петеркович. „Моја работа, како гувернер, е да ги водам клубовите кон исполнување на целите на меѓународниот претседател на Ротари Интернешнл. Негова главна цел, годинава, беше да се зголеми членството. Нашиот Дистрикт 1912, во Македонија денес, брои 24 клубови, откако го формиравме и „чартериравме“ Скопје - Исток. Во Словенија имаме 52 клубови, односно во двете држави имаме 76 ротари клубови и 1617 членови“, истакна гувернерот Петеркович.

За првиот чартер претседател на Скопје - Исток, Глигор Михаиловски, не постои поголемо задоволство од приемот во семејството на Ротаријанците, како дел од милионско семејство на поединци, кои преку клубови, дистрикти и зони се здружени меѓу себе.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations