Раст на производството и збогатување на портфолиото на производи на фармацевтската компанија Галеника
Прегледано: 396 | Oбјавено на: 02.03.2022
 

Раст на производството и збогатување на портфолиото на производи на фармацевтската компанија Галеника

 

 

Белград, 02.03.2022 – Компанијата Галеника, дел од бразилската NC групација, во 2021 година значајно го збогати портфолиото со производи, постигна  раст во Србија и на регионалните пазари и продолжи со модернизација во работењето. На пазарот во Србија, Галеника оствари раст на продажбата од 13 проценти во однос на 2020 година, додека на другите регионални пазари (Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), растот на продажбата е дури 33 проценти. Во Србија и регионот, регистриран е 31 производ, додека 29 веќе се пуштени во продажба. Во 2021 година, Галеника оствари раст на производството од 9% во однос на 2020 година.

 

Освен во регионот, Галеника успешно работи на 13 меѓународни пазари во Европа, Блискиот исток и Африка, каде го зголеми извозот за 14%, додека на ЕУ пазарот успешно регистрираше 19 производи. Институтот за истражување и развој на Галеника, во стратешко партнерство со сестринската компанија од Бразил – EMS, работи на трансфер на технологија за пет производи од новата генерација генерички лекови. Успешно е завршен трансферот на технологија за 2 производи, додека останатите 3 се очекува да бидат завршени до крајот на април годинава.

 

„Галеника зазема стабилна пазарна позиција за што придонесува бескомпромисната посветеност кон квалитетот и ширење на портфолиото на производи во согласност со современите потреби на потрошувачите. Нашите клучни двигатели за стекнување деловна вредност вклучуваат вложувања, дигитализација и модернизација, како и обезбедување поддршка од заедницата во која работиме. Минатата година ја обележа и интернационализацијата на работењето со значаен раст во регионот и на меѓународните пазари. Меѓународното работење е област каде ќе продолжиме да се развиваме и во текот на 2022 година“, вели Рикардо Виан Маркес, генерален директор на компанијата Галеника.

 

Продолжува и процесот на дигитализација на компанијата. На патот да стане „интелигентна компанија“, Галеника во 2021 година ја имплементираше SAP Analytics Cloudнајнапредната платформа која комбинира деловна интелигенција (business inteligence), напредна и предиктивна аналитика и можност за планирање во интегрирано деловно опкружување.

 

Покрај фокусот на континуитетот на производството и снабдувањето, како и безбедноста на вработените, Галеника во 2021 година започна и нов инвестициски циклус со фокус на заштита на животната средина и зголемување на енергетската ефикасност. 

***

Фармацевтската компанија Галеника е основана во 1945 година. При крајот на 2017 година стана дел од NC Grupe (www.gruponc.net.br), која ја опфаќа и EMS – најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка. Галеника е на второ место по пазарно учество во Србија, а произведува генерички лекови, диетални суплементи, козметички производи и медицински средства. Стратегијата на Групата е да ја развива Галеника како модерна и флексибилна компанија, фокусирана на истражување и развој, која константно работи на унапредување на своите производи за унапредување на здравјето и квалитетот на животот, на задоволство на корисниците.

 

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations