Вредностa на доживотното учење
Прегледано: 790 | Oбјавено на: 24.02.2022
  • Вредностa на доживотното учење

    Времето во кое живееме, време на брзи промени во сите аспекти на човековото живеење, бара држење чекор со темпото низ трајно намерно и спонтано учење.
 

Вредност на доживотно учење

Времето во кое живееме, време на брзи промени во сите аспекти на човековото живеење, бара држење чекор со темпото низ трајно намерно и спонтано учење. Во спротивно си исфрлен надовор од правилната патека, во пасивен живот или лажно активен занимавајќи се и гушејќи со треторазредни информации.

Каде сме ние денес во однос на овој процес? Претежно малкумина кои учат, читаат книги, со културно однесување гледани од останатите како ,,чудни,, мал број повозрасни запишани на факултет(кои кријат дека студираат на ,,стари години,,),малкумина со здрави животни навики, малкумина кои пробуваат мирно и разумно да решаваат конфилкти, и исто толку кои помагаат волонтерски. Претежено помасовна посветеност на надворешен изглед, материјални нешта на кредити, интерес за туѓи животи, големо користење на социјални мрежи во погрешни цели, емпатија на ниско ниво, исмеавања, користење на навредливи зборови при најмал конфликт, нетрпеливост, отпор кон новитети...Ова не е одраз единствено на нивото на завршено формално образование,туку на целокупната инвестиција во себе, на начинот на гледање на себе, и на се околку себе. Таа призма низ која гледаме е модифицирана од когнитивното и афективното, правилното и неправилното искуство, намерното и спонтаното учење. 

Како гледаме и ќе гледаме зависи колку вложуваме во нас сами,,,колку сме учеле, колку учиме и колку ќе учиме до крај на животот. Omnia mea mecum porto-единствено богатство е знаењето. Постојат различни начини да стекнеме знаења и не секогаш чини многу. Форми на доживотно учење се преку формално образование, неформално образование и информално учење. Тоа е неопходна потреба во денешно време. Треба да е доброволно, самоиницијативно, водено од личен интерес и тогаш води кон личен развој.Не секогаш бара големи трошоци, често е самоуко,, или низ потребни инструкција што се бараат. Мотивацијата е таа која води пред се кон внатрешна радост,задоволство а потоа за се друго..и најважно кристализира поинаков видик на себе, животот и на поинакво однесување.

Клучни компетенции кои се остваруваат преку доживотното учење се : Лично остварување и развој во текот на целиот живот,  Остварување на индивидуалните цели врз основа на личните интереси и аспирации и со желба учењето да продолжи доживотно, Активна граѓанска свест и вклученост т.е. социјална инклузија; овозможување на секој поединец да учествува во општеството како активен граѓанин,можности за напредување или ново вработување ; Градење на капацитет на секоја личност да најде пристојна работа на пазарот на трудот и најмногу повисоко ниво на менталитет на луѓето и подобар квалитет на животот.

Како да држиме темпо? Држењето темпо бара фокус кон себе, развивање на флексилилност на мислата, на духот, интернализирање на  знаења, способности, вештини, интереси...бара доживотно учење низ сите форми.

Нема оправдувања и ниту една причина да не се почнеш веднаш, а ако веќе си го направил тоа, уште повеќе да уживаш.

Доколку сакате да знаете повеќе, пријавете се на следниот вебинар.

https://fb.me/e/1CvJxlmtm

Ѓорѓина Ќимова


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations