„По моето минатогодишно именување за членот на Бордот на Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Councle International), овој избор е само уште една потврда дека нашата земја располага со квалитетни кадри во воздухопловната индустрија”, накратко вели Јандреоски.
Именувањето на Јандреоски за член на Одборот на директори на IAAE е многу значајно за размена на искуства и едукација на вработените во црногорскиот аеродром и во нивниот професионален развој. „Важно е што нашата компанија и црногорскиот воздушен сообраќај ќе добијат можност да се претстават пред големиот број членови на ова здружение, односно компании и поединци од воздухопловната индустрија”, велат од Аеродроми на Црна Гора.
Јандреоски, минатата година, стана директор на аеродромот во Подгорица. Претходно работеше во ТАВ Македонија и неколку години успешно менаџираше со Агенцијата за цивилно воздухопловство во земјава. Неговото назначување на оваа позиција е важно за целиот регион, а во здружението членуваат уште Тончи Пејовиќ и Игор Штимац од Хрватска. По Пејовиќ и Штимац, Јандреоски е уште еден воздухопловен експерт меѓу останатите членови на оваа престижна асоцијација.
Лајонс и лео членовите на клубовите од Дистрикт 132, за прв пат, го одбележаа Националниот Лајонс Ден во Македонија.