ПРОМЕНИ СИ ГО MINDSET-ОТ, ПРОМЕНИ СИ ГО ЖИВОТОТ
Прегледано: 597 | Oбјавено на: 08.11.2021
  • ПРОМЕНИ СИ ГО MINDSET-ОТ, ПРОМЕНИ СИ ГО ЖИВОТОТ

    Лесно е да се каже „треба да...“, „најдобро е да...“ но човекот е многу посложен систем од насока = извршување. Ние сме сплет на мисли, ставови, емоции, последици од претход...

ПРОМЕНИ СИ ГО MINDSET-ОТ, ПРОМЕНИ СИ ГО ЖИВОТОТ

Треба да бидам поупорен...треба да бидам похрабра...треба да не се откажувам лесно...треба да повеќе да веруваш во себе...многу се секираш и нервираш, треба да се опуштиш повеќе....се насоки кои често си ги кажуваме или ни ги кажуваат. И тие се одлични. Но проблемот не е во насоките. Проблемот е како тие да ги реалзираме, односно зошто не успеваме да ги реалзиираме.

Што е тоа што прави и покрај сите овие јасни и добронамерни насоки сепак да не бидеме упорни, храбри и самоуверени?

Лесно е да се каже „треба да...“, „најдобро е да...“ но човекот е многу посложен систем од насока = извршување. Ние сме сплет на мисли, ставови, емоции, последици од претходни искуства, перцепции кои влијаат на нашите одлуки и однесувања.

Сите ние сме се нашле во ситуации кога на свесно и рационално ниво ни е јасно дека нешто треба да правиме но во пракса не го правиме тоа. Треба да го кажам тоа со поголема самодоверба,....но во моментот кога ќе треба да го кажеме тоа, ќе не надвладее несигурноста и пак ќе се повлечеме или ќе го кажеме со страв и несигуност.

ШТО Е MINDSET?

Mindset-от претставува сет на уведувања, убедувања и вредности кои свесно или несвесно сме ги прифатиле и тие станале дел од нашата личност и психа. Mindset-от е како одредена внатрешна психичка програма која има огромно влијание на начинот на кој ќе ја перцепираме реалноста, кои емоции ќе ги имаме, на база на тоа кои одлуки ќе ги донесеме и слеедствено на тоа кои постапки ќе ги направиме.

Во една иста ситуација луѓето реагираат различно. На пример неуспех во различни контексти (спорт, бизнис, испит на факултет, љубов...) кај различни луѓе ќе предизвика различни емоции, мисли, одлуки и постапки. Некои луѓе при соочување со неуспех ќе се демотивираат и ќе тежнеат кон откажување, другите истата ситуација ќе ги мотивира да размислат каде згрешиле, да ја научат лекијата и да се обидат повторно, без ниту еден момент да помислат на откажување. Ситуацијата е иста, но реакциите се различни. Реакциите директно зависат од mindset-от

GROWTH MINDSET

Професорката Керол Дуак која главен фокус на своите истражувања го има на човековата мотивација после долгогодишни истражувања на реални примери на успешни луѓе од областа на бизнисот, спортот, уметноста, науката и други сфери успеала да согледа дека mindset-от е тој кој ја прави клучната разлика. Дека секој од успешните луѓе има сет на обедувања кои ги групирала во термин growth mindset за разлика од другите кои повеќе или помалку имаат fixed mindset.

Овие две крајности во себе имаат дефинирано уверувања кои секој успешен човек ги има. Клучно е да се знае дека луѓето не мора да бидат во целост fixed mindset за да имаат предизвици. Ние може да имаме комбиниран mindset. Да движиме напред преку делот кој ни е во growth mindset но во одреден момент кога ќе ни ги допре убедуваата кои ни се во fixed mindset да се закочиме т.е. да не можеме да ги донесеме вистинските одлуки и да продолжиме со соодветното однесување.

ДАЛИ MINDSET-ОТ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ?

Да. Може.

Клучно е да разбереме како се формирал, што го одржува и како да пристапиме за да нецелосно функционалните уверувања и вредности полека се трансформираат кон пофункционални за нас и нашето секојдневно функционирање и живеење со успеси и во среќа.

Постојат конкретни техники и начини како да го освестиме нашиот актуелен mindset и најважно како да работите за негова трансформација. Сегментите кои се во fixed да преминат во growth mindset. Клучено е да знаеме дека тоа не се обични автосугестии „ти може“, „верувај во себе“ и сл. Технологијата на трансформација ќе се случи ако правилно пристапиме кон разбирање на тоа како нешто се формирало и на соодветен начин направиме трансформација.  

На 11.01.2021 Институтот СИМБИОТИКА ќе реализира обука за GROWTH MINDSET. На обуката ќе се опфатат следните содржини:

- Што е mindset?

- Како се формира?

- Како mindset-от влијае на перцепциите, емоциите, одлуките и однесувањато?

- Кои се содржините на нашиот национален  mindset?

- Дали mindset-от може да се менува?

- Што е Growth mindset?

- Koи се содржините на Growth mindset?

- Техники за развој на Growth mindset?

 

Ова ќе биде уникатна можност, во одличен амбиент и со превкусна храна во Ресторанот Аурора Козјак по промотивна цена да поминете низ ова незаборавно искуство кое ќе ви го промени животот. Ќе го почнеме процесот на промена или поутврдување на себе во growth mindset-от и со тоа ќе си загарантираме успешен и среќен живот.

Не ја испуштајте оваа можност.

Затоа што преку неа, „треба вака да правам“, ќе почне да станува реалност а не само посакување.

Цена на обуката: 3500 ден (цената е ексклузивна и важи за пријавување до 08.11.2021 понеделник до 13:00 часот)

Доколку сте заинтересирани оставете ги вашите информации на следниот ЛИНК, и ќе бидете контактирани за следни чекори. 

 

 

 

 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations