Играта е сè уште во изработка, но затоа во меѓувреме од студиото нудат можност љубопитните играчи да се внесат во светот на пост-апокалиптичното Скопје преку онлајн alternative reality game (ARG). The Terminal е првиот дел од петте фази низ којашто ќе имаат играчите можност, сè подлабоко и подетално да се внесуваат во ликовите, настаните и работите. Терминалот е достапен тука: https://skopje.dark-1.com/terminal/!
Тимот на Dark-1 досега имаат издадено една игра на светскиот пазар со наслов Odium to the Core. Станува збор за игра којашто се игра со само едно копче и при тоа се контролира Odium низ монохроматски лавиринт со извонредно динамична музика.
Официјалниот вебсајт за играта кадешто може да се најдат повеќе информации околу играта https://skopje.dark-1.com/ . Исто така постои и блог пост околу работите коишто се визуелна инспирација за играта https://dark-1.com/2020/04/09/Skopje-blog1.html.
Се чини дека нема подобро време за лансирање на ваква игра која ќе обезбеди љубопитост за градот Скопје но и ќе ја разбуди интуитивноста на гејмерите пост панемичниот период.
Лајонс и лео членовите на клубовите од Дистрикт 132, за прв пат, го одбележаа Националниот Лајонс Ден во Македонија.