Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Нема успех во работата со нарушено здравје
Прегледано: 2327 | Oбјавено на: 19.07.2019

        Филип Ачкоски, м-р по фармација, топедукатор

         
 1.
Јавноста Ве знае како топ едукатор за подигнување на здравствената свест и култура, градење здрави навики и подобрување на сопственото здравје. Колку релаксирањето влијае на човековото севкупно здравје? 

Пронаоѓањето на баланс помеѓу секојдневните обврски и работите кои ни причинуваат задоволство е клучен фактор за одржување на нашето здравје. Не зависно колку моќно, здраво и/или способно се чувствуваме во некои периоди не треба да заборавиме дека сите имаме свои лимити и дека нашите капацитети се трошат доколку сме постојано во ‘’работен модус’’.

Во таа смисла пронаоѓање (или подобро кажано планирање) на време за себе, и за активности кои не релаксираат е многу важно за да можеме долгорочно да функционираме на високо ниво и да го одржиме здравјето. Затоа, и покрај високата динамика на секојдневието и високите очекувања на околината, многу е важно да ослободиме за време за нашите хобија, за спортување, за прошетки во природа, читање книга или гледање филм, за кафе со пријателите, или било која активност која не релаксира и ‘’ни ги полни батериите’’.                  

2. Кога е време човек да се релаксира? Како Вие знаете кога е време да се релаксирате?

Човекот секојдневно има потреба за рекуперација, одмор и обнова на физичката и ментална сила. Сепак во одредени периоди прекумерните работни обврски и кратки рокови кои треба да се испочитуваат, во комбинација со домашните задачи и семејни проблеми, не ставаат во состојба на континуиран притисок и стрес кој не секој успева да го менаџира. Доколку кај себе забележиме знаци на : расеаност и потешкотии во концентрацијата, раздразливост, напнатост, хиперактивностанксиозност и несоница, треба да се вклучи нашиот аларм дека е време да се ставиме на прво место и да најдеме простор и време за релаксација и враќање на правите патеки. Во спротивно набрзо ќе се наруши нашата способност за извршување на нормалните активности, ќе носиме погрешни одлуки, а може да дојде и до посериозни психофизички последици како на пример: исцрпеност, пад на имунитетот, чувство на неценетост, незаинтересираност за работата и домот, повлекување и депресија.

3. Колку летниот одмор од 10-15 дена успева да го релаксира организмот и како влијае на нашето здравје?

Летниот одмор има несомнени здравствени придобивки особено доколку отидеме на друга локација и се однесуваме различно од секојдневната  рутина. Чистиот планински воздух, морската вода, сонцето и зголемената физичка активност имаат дополнително позитивен  ефект врз нашето здравје бидејќи ги стимулираат т.н. хормони на среќата: серотонин, допамин  и ендорфин кои ќе помогнат за наша реласација и добро расположение. Сепак најважно е на нашиот одмор што повеќе да се ослободиме од секојдневните обврски: набавки, готвење, чистење итн. а комуникацијата поврзана со нашата работа да ја сведеме на минимум. Тоа меѓу другото значи дека ќе примаме само итни повици од работа а меилови ќе проверуваме на неколку дена и тоа во термин кој самите сме го одредиле.  Се разбира за сето ова да функционира треба добра подготовка и организација но во спротивно нашиот организам нема да ја добие потребната регенерација на силите.    

4. Како човек да ја прифати својата работа и секојдневните обврски на релаксиран начин? 

Не е лесно да бидеме релаксирани во нервозни и стресни ситуации, како и во периоди на долготраен притисок на работа. Сепак не смееме да заборавиме дека нема успех во работата и животот доколку нашето физичко и духовно здравје е нарушеноЗатоа е многу важно да ја сакате, добро да ја знаете Вашата работа и да се самоорганизирате:

·         Направете листа со приоритети и делегирајте дел од прекумерните обврски.

·         Не оставајте незавршени работи и не одговарајте веднаш на непријатни пораки.

·         Одберете термини за одговарање на е-меилови како и за водење на телефонски разговори.

·         После тежок состанок или стресна ситуација, одвојте 5 минути за себе, дишете длабоко и ослободете се од непријатните мисли.

И на крајот доколку работната средина во која се наоѓате е ‘’токсична’’ или се чувствувате лошо кога одите на работа не се плашете да направите кариерна промена. Во спротивно само ќе растат Вашите фрустрации, ќе се зголемуваат конфронтациите со околината и ќе слабее Вашето здравје.


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations