НОВИТЕ V90 СЕ САМО ПОЧЕТОК НА НОВОТО ВОЛВО
Прегледано: 7204 | Oбјавено на: 24.06.2016
Сериското произвоство на првите нарачани возила излегоа од продукциската линија само неколку недели по изработката на првиот премиум седан S90. Овој чекор означува дека сите нови премиум модели на 90 серијата, кои ја содржат СПА модуларната архитектура, се произведени во Шведска.

Токму инвестициите на компанијата во СПА модуларната архитектура има позитивни ефекти врз вработувањето, затоа што, во последните две години, компанијата Волво Карс речиси ја дуплираше бројката на вработени во фабриката во Торсланда. Таму работат околу 6300, а во овој двегодишен период се ангажирани и околу 1000 инжењери. Повеќекратни ефекти се создадени и кај добавувачите на Волво Карс, кои отворија нови работни места.

"Воведувајќи го новиот V90 во производство е важна пресвртница за Волво. Инвестиравме многу во подготовка на фабриката Торсланда за да може да се изработуваат СПА возила. Секако, охрабрувачки е да се види позитивен одговор на новите 90 возила. Одиме од моќ во моќ, додека нашиот план за трансформација вродува плодови“, рече Хакан Самуелсон, претседател и главен извршен директор.

Три нови линии на автомобили од серијата 90 се дел од програмата во која се вложени 11 милијарди долари за трансформација на компанијата од 2010 година. Воведувањето на нови модели на автомобили е резултат на зголемената продажба и профитабилност во Волво.

Компанијата со помош на новиот XC90, минатата година, за прв пат во 89 годишната историја, продаде над 500.000 автомобили. Во 2016, Волво очекува уште една рекордна година во однос на продажбата преку дистрибуцијата на новиот S90 и V90 до продажните дилери, како и означување на едногодишнината од производство на XC90. Во првите пет месеци од 2016, Волво достигна 10.4 проценти зголемување на глобалната продажба.

"Новиот XC90, S90 и V90 помогнаа во подмладување на брендот, но трансформацијата на Волво е далеку од завршена. Три години отсега, XC90 ќе биде најстариот автомобил во изложбениот салон. Со други зборови, новите 90 серии се само почеток на новото Волво", рече Самуелсон

Минатиот месец, компанијата Волво официјално ја започна својата глобална стратегија за мал автомобил со претставувањето и на две концепт возила врз основа на својата нова компактна модуларна архитектура (ЦМА). Првиот нов автомобил на ЦМА се очекува да биде лансиран во 2017 година. Додека, новата генерација автомобили од серијата 60 ќе бидат изработени во СПА модуларната архитектура.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations