На изложбата учество со свои дела ќе земат 36 ликовни автори, членови на Друштвото, меѓу кои: Александар Јанкуловски-Цане, Мирослава Микица Трујкановиќ, Марија Светиева, Маријета Сидовски, Анѓел Димовски-Чауш, Јовица Мијалковиќ, Јана Манева-Чупоска и многу други.
Ова изложба има за цел популаризација на цртежот како составен дел како од ликовната и применетата уметност, така и од театарската, филмската и видео арт уметоста, со што се потенцира значењето на овој изложбен концепт. Преку него поттикнувачки се влијае на развојот на новите форми на цртежот создавајќи нов концепт кој целосно го напушта класичниот. Современиот цртеж ги користи и традиционалните техники, но и го проширува полето на истражување и експериментирање, притоа вклучувајќи ги сите негови радикални трансформации.
Изложбата „Експериментален цртеж 2015“ свечено ќе биде отворена во Четврток, 15.10.2015 од 20:00 часот во галеријата „КО-РА“, во рамки на Домот на Култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Сите љубители на цртежот истата ќе може да ја посетат во периодот до 25.10.2015 година.
Лајонс и лео членовите на клубовите од Дистрикт 132, за прв пат, го одбележаа Националниот Лајонс Ден во Македонија.