Членовите на Специјалната Олимпијада Македонија на новогодишно дружење со Мотоцентар
Прегледано: 1925 | Oбјавено на: 16.12.2013
Членовите на Специјалната Олимпијада Македонија на традиционална средбата со вработените во компанијата Мотоцентар. Во предновогодишна атмосфера на забава и дружење се пофалија и за овогодинешните резултати и постигнувања, како и за плановите за следната, 2014 година.

Во рамки на програмата за општествена одговорност, македонскиот компанија Мотоцентар традиционално и оваа година ги пречека членовите на Специјалната Олимпијада Македонија. Преку организација на забавна програма и пригодни новогодишни подароци, атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија денес во просториите на најновиот сервисно - продажен салон на Мотоцентар имаа едночасовно дружење со претставници и вработени од оваа компанија.

Покрај забавата и дружењето, претставниците и членовите од Специјалната Олимпијада Македонија ги претставија овогодинешните резултати. Зад себе, во 2013 година, оставија една успешна година во која учествуваа на Светските Зимски Олимписки Игри кои се одржаа во Пјонг Јанг, Кореја. На игрите учествуваа четворица атлети кои се натпреваруваа во Алпски дисициплини и забележаа одличен успех - освоена сребрена медала во скијање на 100 метри за Димче Михајловски. Исто така, кошаркарите од Специјалната Олимпијада Македонија во изминатава година учествуваа на Европскиот Турнир во кошарка во Истанбул, Турција, каде што го освоија одличното четврто место во втората дивизија.
Моментално, членовите на Специјалната Олимпијада Македонија активно се подготвуваат за следната година. Планирано е учество на Европските Летни Игри кои ќе се одржат во Белгија, каде што ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини, и тоа: пливање, атлетика, пинг понг и бадминтон.

“По традиционално одличните успеси забележани во изминатите години, можам да се пофалам и да ја споделам нашата заедничка радост од успесите во оваа, 2013 година. Нашата организација тука нема да застане. Интензивно се подготвуваме за претстојните Европски Летни игри во Белгија, каде повторно ќе се бориме за трофеи. Ја користам оваа прилика, да ги повикам сите надлежни Иинституции, компаниите, медиумите и креаторите на јавното мислење, како и сите наши пријатели активно да се вклучат во подготвителниот период и да ни ја дадат безрезервната поддршка која ни е неопходна и ни дава стимул и енергија. Ја поздравувам компанијата Мотоцентар која е наш повеќе годишен партнер во рамки на нашите активности и функционирање “, потенцираше г-ѓа. Ана Петровска, Национален Директор на Специјална Олимпијада Македонија.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations