Јогуртот ги чува забите: Напиток кој ги штити забите на децата од кариес
Прегледано: 3844 | Oбјавено на: 08.11.2013
Доколку сте загрижени дека вие или вашите деца имаат лоши заби, стручните лица ви препорачуваат редовно да пиете јогурт.

Ново јапонско истражување докажа дека децата кои најмалку четири пати неделно пијат јогурт имаат 22% помалку шанси да заболат од кариес.

Научниците од еден јапонски универзитет направиле анализа на повеќе од 2000 деца на тригодишна возраст, при што дошле до заклучок дека зголемената конзумација на јогурт е поврзана со ниското ниво на кариес кај нив.

Забниот кариес е болест на забите, до која доаѓа поради влијанието на бактериите. Загрижувачки факт е дека само 5% од светската популација нема кариес, па кариесот се смета за една од најраспространетите болести во светот.

Големо значење во борбата против кариесот има редовното миење на забите, а стручните лица напоменуваат дека децата помали од седум години, треба да бидат надгледувани од родителите додека мијат заби.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations