Пица Капричиоза
Прегледано: 18834 | Oбјавено на: 24.09.2013
Состојки:
Тесто
1 кгр. брашно
1 коцка квасец
500мл. вода
1 јајце
1 лажица шеќер
1 лажица сол

Фил:
300 гр. шунка
500 гр. кашкавал
200 гр. шампињони

Подготовка:
Квасецот се растопува во млака вода зaедно со шеќерот солта, маслото и јајцето. Се додава малку брашно и се остава да стаса околу 10 минути. Потоа се додава преостанатото брашно и се замесува меко тесто. Се остава на топло место да стасува околу 1 час. Потоа тестото се размесува на помали колачиња околу 6 ( зависи од тоа во колкаво плехче ќе се пече пицата) и се редат во подмачкан плех со масло да стасаат уште 40 минути. Откако убаво ќе стасаат колачињата на набрашнета работна површина се растегнува пицата. Прво со раце се притиска со прстите за да се формира обрач а потоа се тегне пицата до саканата дебелина односно колку големината на плехот во кој ќе се пече. Тестото се премачкува со кечап, па се реди рендан кашкавал,врз него шунка тенко исечена, и шампињони. Одозгора ставаме оригано и пицата се пече во загрена рерна на 250 степени 15 минути.




Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations