Кучето им помогнало да откријат дека дадилката им го злоставува детето!
Прегледано: 18616 | Oбјавено на: 19.09.2013
Алексис Кан (21) од Јужна Каролина е уапсена бидејќи агресивно се однесувала и физички го злоставувала детето кое го чувала.

Кучето Килиан, секој пат кога дадилката му приоѓала на детето, ќе застанело помеѓу нив и лаејќи и ржејќи недозволувало да му се приближи. Ваквото однесување на прилично мирното и дружељубиво куче, го привлекло вниманието на родителите, кои ставиле мобилен телефон во собата и ги снимале секојдневните активности додека не биле дома.

Снимката забележила многу вознемирувачки активности на дадилката која го тепала детето и агресивно се однесувала со него. Семејството било во шок бидејќи таа работела кај нив пет месеци.

“ Не можеме да веруваме. Еден господ знае колку ќе го малтретирала нашето дете да не беше нашето куче” – изјави Бенџамин Џордан, таткото на детето.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations