Медитеранската храна лечи од депресија
Прегледано: 2531 | Oбјавено на: 02.09.2013
  • Медитеранската храна лечи од депресија

    Луѓето кои се држат до строгите правила на медитеранската кујна имаат мали шанси да заболат од депресија, покажува новото истражување на шпанските научници. 
Луѓето кои јадат медитеранска храна имаат помали шанси да заболат од депресија, покажува најновата студија во која учествувале повеќе од 10904 анкетирани лица. Анкетата се одвивала во шпанскиот град Навара, каде луѓето пополнувале анкета врзана за своите животни навики од 1999 до 2005 година.

Истражувачите ги навеле состојките на медитеранската храна која ја подобрува функцијата на крвните садови и го намалуваат ризикот од болести на срцето, како и развивање на депресија.
Докажано е дека две третини од луѓето во некој момент од животот доживуваат симптоми на депресија, но обично се работи за краткотрајна и блага форма

Од друга страна, податоците укажуваат дека една од четири жени и еден од десет мажи развиваат симптоми на депресија кои се сериозни и треба да се лекуваат. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations