Weekend Media Festival открива како игрите може да помогнат на маркетиншката и рекламната индустрија.
Прегледано: 3680 | Oбјавено на: 11.09.2015
 Weekend Media Festival е познат во Хрватска и во регионот како место каде се најавуваат трендовите. Една од жешките теми, интерактивни мултимедијални игри, исто така ќе добие свое место во овогодинешната богата програма. Работилницата под име 'Со игра до престолот' ќе ја одржи Елизабет Лејн Лоули (Elizabeth Lane Lawley), професорка за курсот “Вовед во интерактивни медиуми” на угледниот американски факултет Rochester Institute of Technology (RIT) во САД, каде е и воедно на чело на лабораторијата за програмирање во социјалните мрежи во RIT MAGIC центарот.
При спомнувањето на интерактивни, мултимедијални игри, поголемиот дел од луѓето помислуваат на online игрите, но денешната технологија овозможила индустријата на мултимедијалните игри да се развие и во други области. Играњето добива се позначајно место во маркетиншките стратегии, а колку може да допринесе за туризмот и како да се користи во рекламната индустрија ќе ни открие Елизабет Лејн Лоули. Со своите колеги таа осмислила неколку игри чија цел е поврзување на луѓето во рамки на локалните заедници, а ќе ни ги објасни и начините на кои играта може да ги мотивира луѓето да посетат и истражуваат нови области и да добијат повеќе од искуството кое го добиваат на одмор.
Лоули е професорка на курсот “Вовед во интерактивни медиуми” на RIT, каде е и на чело на лабораторијата за програмирање на социјалните мрежи во RIT MAGIC центарот. Докторирала на Универзитетот во Алабама во 1999 година како Доктор на информатички науки, а покрај професорската позиција работела и како гостин истражувач во Центарот за истражување на Мајкрософт (Microsoft). Пролетта во 2013 година предавала на кампусот на RIT во Дубровник, а како добитник на стипендијата Fullbright 2014/15 се вратила во Дубровник во пролетта 2015, за да развие сет предмети од областа на играњето и туризмот за студентите на RIT.
Осмиот Weekend Media Festival, најголемиот регионален фестивал на комуникацијата, оваа година ќе се одржи од 24 до 27 Септември во фестивалскиот простор на старата фабрика за тутун во Ровињ. Како и претходните години, сите посетители на фестивалот може да очекуваат богата програма со бројни интересни предавања, панел дискусии и презентации.
Пријавите за овогодинешниот Weekend Media Festival веќе се започнати на: www.weekendmediafestival.com.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations