Weekend Media Festival (WMF) носи нов поглед на бизнисот и индустријата
Прегледано: 3656 | Oбјавено на: 03.07.2015
Загреб/Скопје, 3. јули 2015. – Осмото издание на Викенд Медиа Фестивалот (Weekend Media Festival), најголемиот регионален фестивал од областа на комуникацијата, ќе се одржи од 24 до 27 Септември на веќе добро познатиот простор, старата фабрика за тутун во Ровињ. Викендската „осмица“ оваа година носи неколку нови, бизнис теми, со повеќе од 130 говорници и изобилство интересни и актуелни предавања, панел дискусии, работилници и презентации.

„Weekend Media Festival цврсто се профилираше како најголем и највозбудлив собир на комуникациската индустрија во регионот. Со секое ново издание носиме свеж поглед на индустријата, содржински ја збогатуваме програмата, а посетителите и пошироката јавност ги запознаваме со најновите трендови и иновации од областа на комуникацијата, маркетингот и медиумите. На осмото издание што го возиме оваа година ќе имаме и богата придружна програма, па нема да недостасува ни пригода за неформален networking во опуштена атмосфера“, порача Томо Рицов, Директор на Фестивалот.

Програма со поглед во иднината. Какво ново бизнис опкружување нè очекува?
Конференцискиот дел на овогодинешниот Фестивал опфаќа широки теми кои се движат од маркетинг и медиа, преку шоубизнисот и дигиталните медиуми, па се до клучните бизнис прашања во комуникациската, медиумската и другите индустрии. Големите технолошки промени значајно ја менуваат комуникацијата во целиот свет. Масовните медиуми ја губат улогата која ја имале, посредната комуникација преку различни уреди и/или медиуми е присутна во секој момент и побарувачка, но и производството на содржини расте со неверојатна брзина.
За програмата на Викендот одговори програмскиот директор Никола Врдољак, кој издвои неколку сосем нови теми, за кои дури и во западна Европа, а не па во овој Регион, се знае многу малку.
Од странските предавачи се истакнуваат Брајан Морисеј, главен уредник на Digiday, како и Ана Анџелич од њујоршката агенција Havas LuxHub, кои ќе говорат за атрактивната тема за новите бизнис модели во медиумите и маркетингот на границата на бизнисот, креативноста и технологијата. На WMF доаѓа и Пијеро Поли, директор на Havas Worldwide во Дубаи, од кој ќе слушнеме како изгледа комуникацискиот бизнис во тој глобален град кој во краток временски период се претвори во еден од новите центри на светскиот бизнис и моќ.

Секако, осмиот Weekend ги носи и предводниците на промените, технолошките компании од Силиконската долина со свои визии за бизнис во иднина. Секако, не смее да се пропушти предавањето на Марк Дек, дигитален експерт и банкарски консултант кој ќе ги презентира своите шокантни прогнози за иднината на банкарството, како ни Др. Лин Монтгамери, потпретседател на бизнис школата COTRUGLI, која ќе говори за генерацијата Y.
Уникатната „хемија“ на Weekend и Ровињ
Осмиот Weekend Media Festival ќе собере повеќе од 4.000 медиумски, маркетинг и ПР професионалци, како и приближно 350 студенти од целиот регион – но и поширокото опкружување – Ќе го следат речиси 600 акредитирани новинари. Генерален покровител повторно е Адрис Груп, како спој помеѓу фестивалот и самиот град Ровињ.

Четврт BalCannes трет SoMo Borac
Регионалната ревија BalCannes и наградата SoMo Borac остануваат блиски партнери на Weekend Media Festival. BalCannes четврта година по ред, во соработка со Хрватското здружение за односи со јавност ќе ги вреднува најдобрите агенциски проекти од шест земји од регионот. Пријавувањето е веќе започнато и трае се до 10 септември (www.balcannes.com). Сите пријавени трудови ќе бидат прикажани на WMF, а во текот на целата година ќе бидат достапни на BalCannes Yellow Pages страниците.

Најважниот собир на професионалци од дигиталната сфера, SoMo Borac, се одвива веќе трета година по ред. И оваа година SoMo Borac открива кој се најдобрите регионални проекти од дигиталната сфера – ќе бидат доделени дури 24 статуетки печатени во 3D технологија, во осум категории! Пријавувањето за сите учесници е бесплатно и отворено.
Пријавувањето за овогодинешниот Weekend Media Festival е веќе започнато на www.weekendmediafestival.com. Побрзајте, затоа што капацитетите на старата фабрика за тутун сепак се ограничени!
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations