HP (Hewlett-Packard) јa претстави својата најмоќна Thin Client конфигурација
Прегледано: 2494 | Oбјавено на: 05.11.2013
Женева/Скопје, Октомври 2013 година

HP (Hewlett-Packard) гo претстави своето најмоќно решение, т.н. “тенок клиент” (Thin Client) - HP t820 Flexible Series Thin Client, конфигурација која им помага на бизнисите да се поуспешни и која содржи извонредни перформанси, безбедност и управливост.

Исто така, HP (Hewlett-Packard) најави поддршка со нови NVIDIA GRID картички за HP WS460c од генерацијата 8 (Gen8) модули за графички сервер. Насочени кон намалување на цената по корисник и зголемувањето на графичките перформанси во виртуелизираните средини, HP WS460c во комбинација со HP Multi-GPU Carrier, кое претставува графичка адаптер-картичка и која овозможува до осум корисници по модул, го обезбедува најсеопфатното портфолио на модули за графички сервери.

„ На денешните пазари постои нова побарувачка во раст, за quad-core обработка и мултимедијална графика т.н. “тенки клиенти” (Thin Client)“, вели Коби Елбаз (Kobi Elbaz), Потпретседател на групацијата Комерцијални Лични Системи, Група за печатачи и Лични Системи, во Европа, Блискиот Исток и Африка, HP (Hewlett – Packard). “Со HP t820 ние овозможивме понапредно решение за конфигурацијата т.н. “тенок клиент” (Thin Client) со цел да им ги овозможиме на компаниите брзината и ефикасноста кои им се потребни за нивните најсложени апликации.“

Максимална безбедност, моќни перформанси, подобрена графика

HP t820 Flexible Series Thin Client им нуди на корисниците моќни перформанси и графика во комбинација со соодветно ниво на безбедност, обезбедувајќи и најчувствителните податоци во организацијата да бидат на безбедно место на серверот, дури и ако уредите се компромитирани, изгубени или украдени.
HP t820 овозможува бенефиции за организациите во индустриите, како на пример: финансиско тргување, архитектура, инженерство, па дури и воени или владини агенции – на кои им се потребни високи перформанси при работа со специјални програми.

Подобрените карактеристики на HP t820 вклучуваат:
• Моќна обработка на податоци со Intel® Core™ i5 или Intel Pentium®.(1) HP t820 е осум пати побрз од HP t610 Flexible Thin Client и може да контролира големи количини на податоци и повеќе апликации одеднаш, дозволувајќи им на вработените да ја зголемат продуктивноста со преглед на информации на повеќе од еден монитор.
• Корпоративно ниво на безбедност со фибер-оптички мрежи, Intel® vPro™ технологија, BIOS имплементаиран според NIST насоки и ТПМ чипсет (TPM Chipset).(2) Автентичноста и врските пред подигнувањето на системот им овозможуваат на корисниците во приватните индустрии безбедно да се логираат на нивните заштитени мрежи.
• Вградена VGA видео порта и DisplayPort 1.2 за подобрена функционалност. Дополнителните порти им овозможуваат функционалност и премин на организациите кон нови технологии и обезбедување компатибилност со идните технологии на монитори. HP t820 поддржува три големи производни монитори, а со графичката картичка AMD Radeon HD 7650A MXM со еден или повеќе опционални MultiStream DisplayPort хабови, може да се прошири до седум монитори на висока резолуција (HD).(3,4)
• Подобро корисничко искуство со HP Velocity. Софтверот за управување со ефикасност на мрежи, HP Velocity, заедно со HP t820 автоматски се прилагодува на променливите мрежни услови и ја подобрува искористеноста на мрежата, така што корисниците ќе се соочат со помалку прекини кога се користат комуникациски апликации во реално време.
• Multiprotocol поддршка за Microsoft и VMware. HP t820 е сертифициран за VMware Horizon View и сертифициран за RFX оперативните системи Microsoft Windows® Embedded Standard (WES) 7 E, давајќи им ја флексибилноста на корисниците да го употребат и управуваат со виртуелното десктоп решение, кое најдобро им одговара на нивните потреби.

Нови виртуелизирани графички решенија со високи перформанси
HP (Hewlett-Packard) го ажурираше HP WS460c Gen8 Graphics Server Blade со нови NVIDIA GRID графички картички за виртуелизирани средини. Како прва модуларна технологија во индустријата која овозможува повеќе корисници на виртуелизирана графика по модул, серверот HP WS460c Gen8 со NVIDIA GRID или Multi-GPU Carrier ги намалува трошоците по корисник при испорачување различни нивоа на графички перформанси, претходно недостапни за корисници на десктоп виртуелизација. Исто така, новите NVIDIA GRID K1 и K2 GPU адаптери овозможуваат повеќе корисници на “PC“ графика, богата со медиуми или врвна графика по модул преку обезбедување графичка способност на секоја виртуелна машина.

Достапност и цена
• HP t820 е предвидено да биде достапен насекаде во светот, во ноември 2013 година. Цените се достапни по претходно барање.
• HP WS460c Gen8 Graphics Server Blade со новите NVIDIA GRID графички картички се планира да биде достапен насекаде оваа есен. Цените започнуваат од нешто под $9.000.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations