Каква шминка никогаш нема да излезе од мода?
Прегледано: 4858 | Oбјавено на: 31.10.2013
Трендовите во шминкањето се менуваат секојдневно. Во еден момент е модерна една боја, а веќе во другиот сосема поинаква.
Сепак, постои нешто кое никогаш не излегува од мода и секоја жена ја прави да изгледа нежна и женствена.

1. Црвен кармин

Без разлика каква боја на кожа имате црвениот кармин секогаш е атрактивен и привлекува внимание. Многу жени имаат предрасуди кога е црвениот кармин во прашање, бидејќи мислат дека е вулгарен. Меѓутоа многу стилисти го тврдат токму спротивното. Затоа, драги дами слободно користете го.

2. Беспрекорен тен

Совршен тен е сон на секоја жена, а тајната е во тоа да откиете каква подлога и руменило совршено ви стојат. Со комбинирањето на овие двa производи, сигурно ќе постигнете беспрекорен и сјаен тен.

3. Црно моливче за очи

Незабележително во женските чанти, црното моливче никогаш не излегува од мода. Доколку сакате да постигнете што подобар ефект, нанесете го на начин на кој ќе постигнете изглед на мачкини очи.

4. Дефинирани веѓи

Убаво дефинирани веѓи ќе ја истакнат вашата шминка. Доколку имате веѓи кои се ретки, слободно употребете моливче за веѓи, кое ќе направи тие да изгледаат поубаво.

5.Сенка во боја на кожата

Доколку мислите дека темната сенка ќе ги истакне вашите очи, се лажете. Сенката во боја на кожата на вашите очи ќе им даде свеж и природен изглед.

6. Румени образи

Не го заборавајте руменилото. Тоа ќе го направи вашиот целосен изглед уште подобар.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations