Папата шофер
Прегледано: 4398 | Oбјавено на: 25.09.2013
  • Папата шофер

    Доаѓа папата во Македонија и на аеродром го дочекува лимузина со шофер.  
Доаѓа папата во Македонија и на аеродром го дочекува лимузина со шофер. Но Папата му шепнал на шоферот:
- Слушај пријателе, во Ватикан не ми даваат да возам, а јас баш би сакал да седнам позади воланот, па ако не е проблем, би сакал да ги замениме местата за да повозам малку.
Се префрлил папата на возачко седиште стиснал на гаста и 200 на саат шиба. Арно ама за кратко време ги сопира полиција.
Отвара Папата прозорецот и полицаецот се здрвил и веднаш истрчал до полициското возило до радио станицата:
- Прием шефе, застанав еден што возеше преку 200, но не знам што да правам!
- Е како не знаеш ОДЕРИ ГО!
- Ама не оди така шефе фаца е човекот!
- Да не е градоначалникот?
- Не повисоко е!
- Да не е министерот?
- Не не уште повисоко!
- Да не е премиерот?
- НЕ шефе не е!
- Па веројатно не е претседателот...
- Шефе јас мислам дека тоа е Господ лично!
- Дај бре не трескај глупости како може Господ?!
- Па добро бе шефе на кој друг Папата би му бил шофер?!

 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations