Што се случува кога ќе проголтате гума за џвакање?
Прегледано: 17704 | Oбјавено на: 02.09.2013
Веројатно досега безброј пати сте проголтале гума за џвакање, а уште толку пати сте чуле дека не сте смееле да го направите тоа бидејќи таа ќе ви се залепи за вашите црева или желудник и дека на желудникот ќе му бидат потребни седум години да ја свари. Меѓутоа, вистината е поинаква. Точно е дека гумите за џвакање се составени од смола, восок, маст и емулгатор кои не се сварливи, но човековиот желудник секојдневно прима одредени количини несварлива храна, па затоа гумата за џвакање не е ништо поопасна од нив.

Во моментот кога ќе ја проголтате, нејзините делови кои неможат да се сварат остануваат во желудникот се до моментот кога тој, неможејки да се избори со нив ги исфрла од организмот.

Меѓутоа, дека штетното влијание на проголтаните гуми за џвакање може да биде сериозно, особено кај малите деца, е вистинито и тогаш е потребна итна лекарска интервенција.

Сепак, следниот пат кога ќе проголтате гума за џвакање, нема зошто да се грижите. Вашиот желудник сосем добро ќе се избори со тоа.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations