Заштедете а сепак изгледајте прекрасно!
Прегледано: 12121 | Oбјавено на: 29.08.2013
Привлечност не значи дека вашата кредитна картичка треба да биде секогаш празна.

Послушајте ги нашите совети за убав, но економичен изглед.
1. Пилинг на тело
За добар домашен пилинг на целото тело може да користите сол и шеќер во комбинација со вашето омилено етерично масло.

2. Маслиновото масло е одлична маска за вашата коса. Маслиновото масло нанесете го на врвовите на својата коса десетина минути пред да го нанесете вашиот шампон. Исто така ова масло можете да го користите за добра масажа.

3.Заштедете на средства за чистење на лице
Овие тоници на вашето лице се само неколку секунди, па можете да одберете поефтина варијанта од нив, која исто така добро ќе си ја заврши својата работа.

4. Не одете на третмани за потемнување
Користете лосиони за самопотемнување чиј резултат ќе биде постепено темнеење и одлична хидратација на вашата кожа.

5. Трошоци за избелување на заби кај вашиот стоматолог
Избелувањето на вашите заби можете да го направите во домашни услови со помош на сода бикарбона. Резулатите се фантастични. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations