Бои кои совршено и одговараат на секоја девојка
Прегледано: 4578 | Oбјавено на: 10.07.2013
 Боите од средишниот дел на спектарот кои не се ниту премногу топли ниту премногу ладни, одлично им прилегаат на сите девојки. Тие воедно и прават во моментот да се чувствувате секси. Откријте кои бои се во прашање.

 

Црвена

 

 

Доколку сте во дилема, облечете црвено. Оваа боја на секоја жена ја дава онаа зелена предност. Дури и истражувањата на англискиот универзитет „Дурхам“ докажаа дека на атлетските натпревари поголеми шанси за победа имаат оние кои носат црвени дресови. Црвената е посебна боја која и дава став на секоја жена

 

Тиркизна

 

 

Тиркизната боја и дава здрав изглед на кожата. Одлично се комбинира со црна, кафена и кремаста боја.

 

Пепеласто розева

 

 

Нежната „прлјаво“ розева нијанса е префинета боја за дамите. Таа е некаде меѓу светло розева и сива боја, а ја нагласува свежината на лицето и секако која жена и да ја носи остава впечаток дека блеска.

 

Виолетова

 

 

Исклучиво прилагодлива боја, која одлично прилега на сите типови на кожа. Моќна и заводлива, боја на која мажите едноставно не можат да одолеат.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations