18 типови на вработени луѓе во македонските фирми (втор дел)
Прегледано: 4110 | Oбјавено на: 05.07.2013
 ИТ- евец или Техничко лице- вишок на килограми, очила без оквир, пот на челото и блузата која му е во риги и краѓња. На состановите главно молчи и ја чека завршницата на состанокот за некој да праша дали има уште нешто да се договори за техничките детали. На сите вработени им има инсталиранот Фајар фокс или Гугл хром и на сите им зборува дека тоа треба да го користат наместо она синото на Бил Гејтс додека вработените збунето го гледаат. Сака епска фантастика и на работа доаѓа ненаспан, бидеќи цела вечер бдеел пред компјутерот. Навечер во фирамата го остава уклучен торнетот на серверот да му се симнуваат порно филмови бидејќи тогаш конекцијата е побрза.

Правник- стабилен и скоцкан младич, секогаш во скапоцено одело и кравата. Носи акт чанта во која има нешто, за разлика од онаа на директорот, бидејќи има полни раце работа од проблемите кои директорот ги направил. На секое минимално барање одговара дека ќе му бидат потребни 2-3 недели да ги согледа сите аспекти, а кога се разгледуваат креативните решенија за проблемите, прв е да ги оспори со образложение дека тоа се сериозни работи со кои нема играње.

Организатор на настани- брз лик кој е секогаш весел и се шегува со колегите.   Кога бил студен работел како промотер во некоја кафеана или дискотека и организирал неколку новогодишни ол инклузив журки. Врвот на својата кариера ја достигнал која успеал да донесе некој странски Диџеј или пејач, за кој некој слушнал и по тоа се вработил за постојано во фирмата. Омилена активност му е простројување на прмотерки. Тоа е за него идеална прилика да се доведе себе си во улога на моќен шеф на неколку згодни девојки, како би ја искористил нивната стравопочит да ги одведе во кревет. Обично тоа е онаа тивката и повлечена промотерка која има опасен татко и која научила да почитува авторитет. Со оглед на тоа дека му е потребна разноврсност, тој често прави кастинзи, на кои вика нови и нови девојки кои ги наоѓа по улици и им вели јави ми се јас работам на промоции.

Чистачка- првото што го приметувате се црните волнени чорапи и белите чевли за работа и синиот комбинизон. Живее во некое предградие на потполно спротивниот крај од градот каде што е фирмата. Менува по три автобуси само за да дојде до работа. Се прави дека нема поим од тоа со што се занимава фирмата и дека е дојдена само за да исчисти и да си оди дома, но всушност таа знае што се се случува, како и односите меѓу вработените подобро од директорот. Често е многу пообразована од многу луѓе кои се на високи позиции.

Инсталатер -  како што му кажува и самото име, овој човек ја користи секоја прилика да се вгади сам себе во секоја работа. За се што ви е потребно, тој има човек. Го прислушкува секој разговор во неговата околина и секогаш настапува вака: Извини случајно слушнав дека имаш потреба од адвокат. Зошто не рече веднаш. Мојот пријател од основно е најдбриот адвокат во земјава и баш проблемите како твојот му се специјалност. Само јави се на овој број и кажи дека јас сум те препорачал!

Омилениот број на овие луѓе е 20, поточно 20 посто. Тоа е тој просек на цифрата која е потребна да се плати неговата макотрпна работа. Бидете сигурни дека 20% од многу наплатени услуги во Македонија секој ден одат во џебовите на овие луѓе, кои сметаат дека тоа е чесно заработен леб, исто како што чесно ќе го заработи и оној јадник кој три месеци ден и ноќ ќе работи на проектот.  Во Македонија постојат и неколку длабоки варијации на инсталатерите. Како што постојат изведувачи и произведувачи на работите, така постојат и подинсталатер, под-подинсталатер, под-под-подинсталатер, се додека работата на крајот не стигне до некој сирот генијалец кој ќе ја сработи целата работа и за тоа ќе го добие минимумот од оргиналната цифра.

Кафе-куварка- девојка која се јавила за работата за секретарка, но не била доволно згодна. Носи марама на главата и дијалогот кој го води од збор до збор од вака: Што ќе се напиете?- Кафе- Какво кафе, имаме еспресо, турско, нес...? – Еспресо- Долго или кратко?- Долго- Со млеко, шеќер...?- Со млеко и шеќер донесете.

Кафе-куварката во своето слободно време задолжително ги чита сите трачарски списанија. Го знае секој аспект од приватниот живот на познатите личности. Последниот час од работното време задолжително го користи за флетување со вработениот од обезбедувањето.

Курир- молчелив тип кој никогаш не е во фирмата кога е потребен. Кога испочаува пратка, поминува уште еден час пиејќи кафе, а изговорот секогаш му е дека има гужва во сообраќајот. Добил работа на тој начин што фирмата во еден момент станала толку голема за да и затреба курир, а тогаш некој од вработените рекол дека има братучед од далечна тетка кој цел ден игра игрици на компјутер, додека старите го издржуваат, па зошто да не го вработиме?

Хостеса на влезот- студентка со слатко лице која ги дочекува гостите со прашањето: Дали имате закажано? Директорот ја поставил да биде првото нешто што ќе се види при влезот во фирмата, за идините клиенти веднаш да си помислат дека можеби има уште згодни девојки во фирмата. Најчесто тоа се студентки кои имаат уште неколку испити до дипломирање, и која се понадевала дека во главниот град ќе има прилика да живее, студира и заработи нешто. Од тоа секако нема ништо, бидејќи во секој момент и звони телефнот и и дефилираат гости, а книгите и стојат отворени на масата на истата страница. Кога ќе сфати дека нема ништо од учење, си оди, за набрзо да ја замени нови неискусна студентка со нереални очекувања.

Обезбедување- ќелав и набилдан тип, во тегет сако и блутут слушалка на уво. Се дружи со дистрибутерот и организаторот на настани, бидејќи сите заедно одат во теретана. Има шилести чевли и кога оди тежината ја преместува од едната на другата нога. Омилени филмови му се Кум (сите делови), како и Добар, лош и зол. На паузите чита весници, а редовно ги позајмува и списанијата на кафе-куварката.

Фантомската трудница-  тоа е единствената жена во фирмата која знаела да направи се како што треба, но е на породилно, веќе три години по ред, со тенденција никогаш да не се врати на своето работно место.  Новите вработени кои никогаш не ги запознала, слушаат легендарни приказни за неа, во стилот: Е да е сега Марина/Славица/Данка тука, ова би го средила за 5 минути. Наведената фантомска трудница станува древен мит во фирмата нешто како Че Гевара или Јованка Ореланка.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations