Неколку фобии кои можат да ви го уништат патувањето
Аихмофобија
Страв од остри предмети.
Предизвик за патување: Вселенската игла во Сиетл која е изградена во тек на Светскиот саем во 1962. Се издига до 185 метри и тешка е 9.500 тони.
Агризоофобија
Страв од диви животни.
Предизвик за патување: Националниот парк Тангарин во Танзанија, кој можеби има и најмногу жители од светот на дивината.
Криофобија
Страв од екстремен студ.
Предизвик за патување: Ледениот хотел во Лапонија кој е изграден во слава на студот во 1989та година. Тоа е прв хотел на светот направен од мраз и има 40 соби, бар и црква направени од 45.000 тони блокови мраз.
Хипотомностросесквипедалиофобија
Страв од долги зборови.
Предизвик за патување: Krung thep mahanakhon bovorn ratanakosin mahintharayutthaya mahadilok pop noparatratchathani burirom udomratchanivetmahasathan amornpiman avatarnsathit sakkathattiyavisnukarmprasit.
Ова е целосниот назив на Банкок кој има дури 167 букви. Тоа го прави „најдолг“ град на светот.
Макрофобија
Страв од долго чекање во ред.
Предизвик за патување: „Space Mountain“(Вселенска планина) во Дизниленд, кој има најдолги редови за возење со ролеркостерот, каде луѓето се подготвени да чекаат и повеќе од два часа.
Хелиофобија
Страв од сонцето.
Предизвик за патување: градот Јума во Аризона, има во просек по 11 часа дневно светлина и 4.000 сончеви часа годишно.
Лимнофобија
Страв од езера.
Предизвик за патување: Мигиш Лоџ, е брег долг еден километар на езерото Себаго во Мејн(САД). Езерото е широко 13, а долго 16 километри.