ДЛУМ ПОВТОРНО ВО СКОПСКИ БЕЗИСТЕН
Прегледано: 3631 | Oбјавено на: 19.06.2015
На 16.06.2015 година (вторник) повторно се отвори галеријата на ДЛУМ во рамки на Безистенот во старата Скопска Чаршија. Со промоцијата на дела од Љубица Мешкова Солак, збогатена со музичкиот перформанс на Тони Китановски Трио, ДЛУМ ги промовираше новите партнери со кои повторно ќе започне да го користи изложбениот галериски простор во Безистенот.

На отворањето на изложбата во Кафе – Галеријата “Бадабум“ / “Badaboom“ (Безистен, Стара Скопска Чаршија) покрај авторот Љубица Мешкова Солак присуствуваа членови на ДЛУМ и претставници од други културни институции и љубители на уметноста.

“Со отворање на галеријата Бадабум се цели кон продолжување на традицијата за промовирање на ликовните проекти на ДЛУМ, но и кон организирање на културни случувања со тенденција овој галериски простор да прерасне во скопски културно - собирен центар“ изјави Христијан Санев, Претседател на ДЛУМ.

Изложбата е составена од десетина сликарски дела и објекти од последниот циклус на авторот, насловен како “Life is a Game, Art is a Life”. Истата ќе биде поставена за сите љубители на уметноста во времетраење од 15 дена, до 30.06.2015 година, во просториите на Кафе - Галерија Бадабум, каде сите посетители ќе може да уживаат во изложените дела и прекрасниот амбиент.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations