Специјалната Олимпијада на Македонија повторно се врати со успеси
Прегледано: 2774 | Oбјавено на: 29.09.2014
Денес, 29 септември, во просториите на Мотоцентар, новиот европски шампион на ридски патеки во категорија 1 и најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, се дружеше со атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија. Целта на оваа средба е споделување на искуства и успеси кои атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија и Иџе ги остварија во изминатиот период.

Специјалната Олимпијада на Македонија учествуваше на најзначајниот меѓународен собир “Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада“ кој се одржа од 09 до 21 септември во Антверп, Белгија и на кои нашата делегација учествуваше со свои претставници во неколку категории; три атлети и еден тренер за пливање, три атлети и еден тренер по атлетика, еден атлет и еден тренер за бадминтон, два атлети и еден тренер за пинг понг и два делегати.

Во конкуренција од 2.000 атлети од 58 европски земји, македонската делегација се врати со 4 бронзени медали и тоа: Ајбази Себаат за атлетика 200 метри, Христијан Тутурески за атлетика 100 метри, Живко Стојанов за пинг понг и Александар Цветковски за бадминтон.
„Игрите од срцето“ – „Games of the heart“, како што беа насловени овогодинешните Европски игри врежаа прекрасни спомени и уникатно искуство за македонските атлети.

„Сите наши атлети се натпреваруваа во новата спортска опрема која што ја донираше компанијата Мотоцентар, со која бевме унифицирани и со која бевме репрезентативни натпреварувачи на игрите“, потенцираше г-ѓа Ана Петровска, Национален Директор на Специјална Олимпијада Македонија

Мотоцентар е компанија која е долгогодишен пријател на Специјалната Олимпијада на Македонија.
“Сакавме да придонесеме во подготовките за овогодинешните летни игри и сметавме дека покрај сите останати работи кои им се потребни на нашите атлети, сепак дека спортската опрема е секогаш нај добредојдена. Затоа ние се насочивме кон таа цел, да нашите репрезентативци имаат нова спортска опрема. Знаеме дека ова е само мал дел од поддршката која име потребна, но се надеваме дека истата ќе допридонесе во мотивацијата на нашите атлети. Ние секако ќе продолжиме со нашата поддршка за Специјалната Олимпијада на Македонија и нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски Иџе“, изјави директорот на компанијата Мотоцентар Горан Гроздоски.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations