HP (Hewlett – Packard) помага да се поедностави мобилното печатење
Прегледано: 1375 | Oбјавено на: 11.11.2013
HP (Hewlett-Packard) ги претстави безбедните мобилни решенија за печатење кои им го олеснуваат на деловните корисници печатењето, кога и каде да им е потребно.

Исто така, HP (Hewlett – Packard) ги претстави новите печатачи: со единечна функција, мулти функционалните печатачи (MFPs), скенери и решенија кои, кај клиентите ги забрзуваат дигиталните и процесите со хартија и ја зголемуваат продуктивноста во работењето.

Зголемувањето на бројот на податоци создадени од растечката подвижна работна сила ги тера компаниите да го преиспитаат начинот на кој го водат бизнисот и како управуваат со информациите. HP (Hewlett – Packard) се соочува со овој предизвик преку „Новиот Стил на ИТ“ (New Style of IT). Ова вклучува изработување на бизнис технологии за печатење кои ја забрзуваат продуктивноста во хибридниот хартиено-дигитален свет.

“Компаниите мора брзо да се адаптираат кон менување на информатичката технологија, која вклучува справување со огромни количини на податоци и процеси создадени од страна на подвижната работна сила која е во раст“, изјави Сузан Хајс (Susanne Heis), Потпретседател и Генерален менаџер, Системи за печатење за EMEA (Европа, Блискиот Исток и Африка), HP (Hewlett – Packard). “Новите иновации и ажурираното портфолио на LaserJet печатачите помагаат во подобрување на искуството на клиентите во мобилното печатење и го трансформираат управувањето со дигиталните и работни активности за печатење кон потенцијално поголеми бизнис резултати“.

Едноставно и побезбедно мобилно печатење
До 2015 година 37 % од глобалната работна сила ќе биде подвижна.(1) Организациите мора да бидат способни за одговор на мега-трендот на мобилност, преку решенија кои се лесни за употреба, ја зголемуваат ефикасноста и помагаат да се намалат безбедносните ризици.
Новите HP (Hewlett – Packard) решенија за мобилно печатење вклучуваат:

• HP 1200w Mobile Print Accessory и HP Jet Direct 2800w за FutureSmart: Овозможуваат безжично директно печатење и печатење преку комуникација со блиско поле на делување (NFC) со функцијата допри-за-да-печатиш (touch-to-print) (2) од “паметни телефони“ (smartphones), “таблети“ (tablets) и лаптоп компјутери, за нова и за постоечката инсталирана база од 40 милиони HP LaserJet и Officejet клиенти.(3) Овие додатоци се достапни и лесно се инсталираат преку USB врска или преку интеграција во хардверот на уредите.

•HP LaserJet Enterprise M800 серија е прв А3 печатач за компании во индустријата и прв во
MFP серијата со функцијата допри-за-да-печатиш (touch-to-print) и безжично директно
печатење.(4) Овие уреди го поедноставуваат начинот на кој клиентите можат безбедно да
печатат, овозможувајќи им да го сторат тоа од било кој NFC “паметен телефон“ (smartphone)
или “таблет“ (tablet), со само еден допир. Во рамките на оваа серија, HP Colour LaserJet
Enterprise Flow MFP M880 и HP LaserJet Enterprise Flow MFP M830 исто така ја имаат
технологијата на HP Flow за управување со документи, која ги забрзува дигиталните и
процесите со хартија и ги забрзува деловните работни процеси за клиентите во компаниите.

• Исто така, HP LaserJet Enterprise M806 и HP Colour LaserJet Enterprise M855 нудат можност за
допри-за-да-печатиш (touch-to-print) преку NFC и преку директна безжична технологија.
Покрај тоа, големите брзини на печатење и робусните способности за завршна обработка
резултираат со напредно печатење и професионален квалитет, со што се зголемува
продуктивноста со истовремено задржување на нивото на трошоци за “ИТ“ (IT).

• Серијата HP Colour LaserJet Enterprise M750 го прави печатењето на професионални
документи во боја за општи канцелариски потреби, на различни формати хартија до големина
SRA3, поедноставно, поефикасно и со ниска цена. При водењето бизнис може да се заштеди
на време и труд, бидејќи моделот е доверлив и лесен за управување.

• HP LaserJet Pro M435nw MFP: Исклучителна брзина на печатење, копирање и скенирање кои
резултираат со јасни документи на хартија, со големини до формат A3. На претпријатијата им
овозможува совладување на сопствените работни процеси преку контрола на екран на допир
(touch screen) и опции за скенирање. Компактната големина и ненаметливата потрошувачка
им овозможува на корисниците да зачуваат ресурси без жртвување на ефикасноста.

• Дополнувањата кои ги има HP ePrint Enterprise(5) нудат подобрени опции за поврзаност и
проширена поддршка за уреди во околини кои користат решенија за управување преку
мобилен уред. HP (Hewlett – Packard) сега нуди верзија на апликацијата ePrint Enterprise за
Blackberry10, Android и iOS верзии на HP ePrint Enterprise за апликацијата Good(6), која им
помага на мобилните корисници да печатат содржина обезбедена од страна на Good пакетот
на решенија. Покрај тоа, HP ePrint Enterprise Server софтверот ќе поддржува WiFi печатење
процесирано од вградена патека за печатење на одредени мобилни уреди.

• Решението HP Capture and Route 1.3 сега нуди поддршка за iOS и Android мобилни клиенти,
кое овозможува полесно управување, ажурирање и складирање на информации - прецизно и
ефикасно. Покрај тоа, корисниците сега можат да скенираат од HP Officejet Pro X и други HP
(Hewlett – Packard) уреди, директно во Google Docs за облак (cloud) складирање.
HP (Hewlett – Packard) го проширува LaserJet портфолиото
Новите решенија за печатење наменети за компании и мали и средни бизниси (SMB) помагаат
во интеграцијата на деловните работни процеси со дигитализирани. Дополнувањето на HP
(Hewlett – Packard) бизнис портфолиото за печатачи ги вклучува првиот корпоративен HP Flow
скенер и најмалиот MFP на HP (Hewlett – Packard):

• HP Scanjet Enterprise Flow 5000 s2: Преку понатамошно проширување на Flow платформата
од HP (Hewlett – Packard), овој десктоп скенер со магацин за листови е брза и сигурна опција за
рационализирање на работни процеси преку трансформирање хартија во дигитални датотеки,
подготвени за обработка. Корисниците можат да скенираат во повеќе формати и да ги праќаат
документите директно во облак (cloud), мрежни фолдер или SharePoint. Профилите може да
се подесуват со HP Easy Scan така што материјалите се чуваат за лесно скенирање - со
притискање само на едно копче. Покрај тоа, технологијата HP EveryPage им помага на
корисниците да избегнат пропуштени страници во скенираните датотеки.

• Серијата HP LaserJet Pro MFP M125/M127 ги вклучува најмалите MFP со можности за монохроматско печатење, скенирање, копирање и праќање факс(7) и е прв во својата класа кој нуди 3-инчен (7.6 cm) екран во боја осетлив на допир (touch screen).

• Серијата HP Colour LaserJet Pro MFP M176/M177 ги задоволува традиционалните мулти функционални потреби за печатач за мали и средни компании кои имаат потреба од проширено управување со работните процеси. Исто така, оваа серија претставува центар за управување со документи на организацијата (8) преку врски со облак (cloud) како и Google Docs или Box.net.

• HP Embedded Capture: Ново решение, без сервер, дизајнирано да го олесни скенирањето на слики, дозволувајќи им на корисниците да создадат свои лични работни процеси и да ги забрзаат истите, притоа помагајќи во зајакнувањето на продуктивноста.

• HP Access Control 13.0: Дополнувањата на ова безбедносно решение вклучуваат поддршка за HP Officejet Pro X серија и подобрена поддршка за уреди кои не се произведени од HP (Hewlett – Packard), со цел - овозможување на побезбедно печатење и проверка. Клиентите можат да се уверат во конзистентното ниво на поддршка за уреди, без оглед на составот на уредите во организацијата.

Дополнителни информации во врска со овие нови HP (Hewlett – Packard) понуди за обработка на слики и печатење се достапни на: www.hp.com/go/CommercialPPSFall2013

Достапност и цена

• HP 1200w Mobile Print Accessory е достапен на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) од 15 Ноември 2013 година со почетна цена од 60€.
• HP JetDirect 2800w за FutureSmart групата ќе биде достапен на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) од 2 Декември 2013 година за 41€.
• HP LaserJet Enterprise M880 ќе биде достапен на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) од 1 Ноември 2013 со цени од 8.239€.
• HP LaserJet Enterprise M830 е достапен на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) од 1 Октомври 2013 година по цена од 10.449€.
• LaserJet HP Enterprise M806 е достапен на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) од 1 Октомври 2013 година и цената варира помеѓу 3.499€ и 5.499€. HP Colour LaserJet Enterprise M855 ќе биде достапен на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) на 1 Ноември 2013 година и цената варира помеѓу 3.799€ и 5.599€. • Серијата HP Colour LaserJet Enterprise M750 ќе биде достапна на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) од 1 Ноември 2013 со цени од 2.399€.
• HP Scanjet Enterprise Flow 5000 s2 е веќе достапен на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) по просечна пазарна цена од 799€.
• Серијата HP LaserJet Pro MFP M125/M127 ќе биде достапна на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) од 1 Февруари 2014 година.
• Серијата HP Colour LaserJet Pro MFP M176/M177 ќе биде достапна на пазарите EMEA (Европа, Среден Исток и Азија) од 1 Февруари 2014 година.



(1) IDC, “Mobile Printing Landscape, Transition to Early Adoption,” Август 2012 година, Документ Број 236258.
(2) NFC технологијата е збир од стандарди за “паметни телефони“ (smartphones) и слични уреди за воспоставување радио комуникација едни со други преку допир или нивно доведување во непосредна близина.
(3) HP 1200w Mobile Print Accessory е компатибилен со Оz или Phz-базирани HP LaserJet печатачи од 2008 година или подоцна. Групата HP JetDirect 2800w за FutureSmart е компатибилна со било кој HP FutureSmart печатач или MFP.
(4) Резултатите зависат од физичката средина и оддалеченоста од пристапната точка на уредите.
(5) За HP ePrint Enterprise е потребен HP ePrint Enterprise софтвер за сервери. За опцијата базирана на апликација е потребна интернет конекција и BlackBerry “паметен телефон“ (smarthphone) со можност за употреба на елекронска пошта (e-mail) и оперативен систем 4.5 или понов; iPhone® 3G или понов, iPad® и iPod Touch® (2-ра генерација) уреди кои работат на iOS 4.2 или понов; или Android® уреди кои работат на верзиите 2.1; 2.2 и 2,3 со одделно купен безжичен интернет сервис и апликацијата HP ePrint Enterprise. За опцијата базирана на е-mail е потребен било каков уред со овозможен пристап до електронска пошта (e-mail) и e-mail адреса. Решението работи со PCL5/6, PCL3 и PCL3GUI печатари, HP (Hewlett – Packard) и оние кои не се произведени од HP (Hewlett – Packard)
(6) Потребна е лиценца од Good for Enterprise и Good Dynamics.
(7) Опцијата за факс е достапна само на M127.
(8) Можност за управување со документи е достапна само на M177. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations