Нова серија од HP (Hewlett-Packard)- Officejet Pro X !
Прегледано: 1210 | Oбјавено на: 02.10.2013
Скопје, Македонија, Октомври 2013 година

Со новиот HP Officejet Pro X Series кој се состои од печатачите: HP Officejet Pro X476/X576 MFPs и Officejet Pro X451/X551, HP (Hewlett-Packard) создаде целосно нова категорија на печатачи и мултифункционални производи дизајнирани да ги задоволат напредните и уникатни потреби на малите и средни претпријатија.

Семејството HP Officejet Pro Х го револуционализира бизнис печатењето преку зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и промовирање на вредноста на инкџет технологијата на работното место. Ова семејство производи може да донесе двојно поголема брзина за половина од трошоците за печатење во споредба со ласерски печатачи во боја. (1, 2) Оваа нова класа уреди е поддржана од HP PageWide технологијата, инкџет платформа од напредна генерација, која поставува нови стандарди за мали тимови кои печатат пришто резултира во висококвалитетни отпечатени документи со брзина до 70 страници во минута. (3)

HP Officejet Pro X Series им нуди на организациите:
• До 50 проценти заштеда на трошоци за печатење во споредба со ласерските печатачи во боја; (1, 2)
• Пигментни мастила со висок капацитет и со ниски стапки на интервенција;
• Сигурно печатење за работна група,наменето за големи количи и до 4.200 страници месечно;
• Стандарден влез од 500 листа; до 1.050 листови со опционален магацин (4)
• До 50 проценти помалку потрошувачка на енергија во споредба со ласерски печатачи во боја;(5)
• Со употреба на автоматско двострано печатење до 50 проценти заштеда на трошоците за хартија;
• Можност за печатење од речиси било каде, со користење на HP ePrint,(6) и преку можноста за директно безжичното директно печатење на HP(7) можност за поврзување без рутер;
• За печатење, копирање, скенирање, праќање факс и испраќање дигитални датотеки, допрете го и употребувајте го интуитивниот 4,3 инчен колор екран на допир (touch screen) кој е достапен на одбрани модели;(8)
• Компатибилност со корпоративни мрежи и управување со решенија.(9)

Цени и достапност
Од 1 ноември 2013 година, HP Officejet Pro X Series ќе биде достапна во сите земји на регионот EMEA (EMEA - Europe, Middle East and Asia). Серијата е на располагање во Западна Европа уште од февруари оваа година.(10) Од ноември, потрошувачите во остатокот од регионот ЕМЕА (EMEA - Europe, Middle East and Asia), ќе бидат во можност да ја купат оваа рекордна серија по број на модели со едноставни функции, започнувајќи од €399 и серијата MFPs започнувајќи од €599.(11)

(1) Споредба врз основа на објавени спецификации од производителите на најбрзиот режим на работа во боја (од март 2012 година) и вклучува колор ласерски печатач MFPs < $1000 и ласерски печатачи во боја < $800 кои се на располагање од март 2012 година, врз основа на пазарниот удел според IDC од Q1 2012 и HP (Hewlett-Packard) внатрешно тестирање на печатач во најбрзиот најбрзиот режим на работа во боја (примерок од категорија на документи со 4 страници тестирани според ISO 24734). Дополнителни информации се достапни на: www.hp.com/go/printerspeeds.
(2) Тврдењето за трошоците по страница (CPP) е врз основа на мнозинство ласерски MFPs печатачи во боја < $1000 и ласерски печатачи во боја < $800, за месец март 2012 година, ISO продуктивност врз основа на континуирано печатење во стандарден режим, врз основа на пазарниот удел според IDC во Q1 2012 година. Споредбите на “CPP” за ласерски компоненти се врз основа на објавени спецификации од производителите за кертриџите со највисок капацитет. “CPP” е врз основа на HP 970XL/971XL кертриџи со мастило, според проценета пазарна цена. Дополнителни информации се достапни на: www.hp.com/go/learnaboutsupplies.
(3) После првиот сет на ISO тест страници. Дополнителни информации се достапни на: www.hp.com/go/printerclaims.
(4 ) Можност за капацитет на хартија до 1.050 листови. Не е вклучен дополнителен магацина за хартија 1x500 листови; мора да се купи одделно.
(5) Повеќето ласерски MFPs печатачи во боја < $1.000 од август 2012 година, Officejet Pro со кертриџ со највисок капацитет. Потрошувачка на енергија констатирана врз основа на тестирање од HP (Hewlett-Packard). Реалните трошоци и потрошувачката на енергија може да варираат. Деталите се достапни на: www.hp.com/Officejet.
(6) Потребна е интернет конекција за регистрација на HP (Hewlett-Packard) веб печатачот и HP ePrint профилот. Список на компатибилни печатачи, слики и документи за поддршка, како и други детали за HP ePrint се достапни на: www.hp.com/go/eprintcenter. За функционирање на мобилните уреди потребна е интернет конекција и способност за e-mail комуникација. Може да е потребна безжична конекција. Можна е потреба од одделна набавка на база на податоци или надомест за користење. Времето на печатење и брзината на конекција може да варираат.
(7) За користење на HP (Hewlett-Packard) може да се потребни апликации или драјвери за директна безжична врска. Дополнителни информации се достапни на: www.hp.com/go/eprintcenter. Карактеристиките на безжичната врска зависат од средината каде се употребува и оддалеченоста од пристапната точка кон Интернет.
(8 ) Потребна е безжична пристапна точка кон интернет и интернет конекција со печатачот. За користење на услугите потребна е регистрација. Достапноста на апликациите варира во зависност од земјата на употреба, јазикот и вклучените договори и потребна е можност за надградба во рамки на компанијата. Деталите се достапни на: www.hp.com/go/eprintcenter.
(9) Поддржува HP PCL 6, HP PCL 5c, HP PostScript со ниво 3 на емулација, вградено PDF печатење (v 1.7), HP Universal Print Driver и HP Web Jetadmin.
(10) Австрија, Франција, Германија, Ирска, Италија, Холандија, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија
(11) Проценета ЕМЕА (EMEA - Europe, Middle East and Asia) пазарна цена. Вистинските цени може да варираат.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations