HP - зголемена мобилност и перформанси преку новите персонални компјутери!
Прегледано: 1080 | Oбјавено на: 02.10.2013
Скопје, Македонија, Октомври 2013 година

HP (Hewlett-Packard) неодамна презентираше нови производи, технологија и алатки кои се дизајнирани со цел да им помогнат на малите и средни претпријатија во подобрувањето на нивната продуктивност и поврзаност.

Кога станувa збор за донесување на одлука за набавка на информатичка технологија, многу од малите и средни претпријатија сакаат да ги задоволат сите свои потреби балансирајќи со перформансот, квалитетот и дизајнот. Сега, HP (Hewlett-Packard) нуди решение со високи перформанси на преносни компјутери (notebooks) кои истовремено нудат врвен дизајн, карактеристики и сигурни решенија за печатење кои лесно се интегрираат во бизнис средината. Покрај тоа, HP (Hewlett-Packard) нуди и производи кои се дизајнирани да го задоволат буџетот на малите и средни претпријатија, чиј фокус е продуктивност и лесна употреба.
Новиот производ - HP ProBook 400 Series е деловен преносен компјутер (notebook) кој има елегантен дизајн, голема издржливост на батеријата(1) и безбедносни решенија кои ги задоволуваат потребите во работењето .

“Нашите кленти често имаат повеќе работни обврски во рамките на нивното претпријатије – од менаџери, сметководители, па се до ИТ – и за да ги завршат нивните работни задачи имаат потреба од флексибилни алатки со високи перформанси,” вели Ралф Грох (Ralf Groh), Директор на Commercial Marketing, Printing и Personal Systems Group EMEA (Europe, Middle East and Asia). “HP (Hewlett-Packard) е фокусиран на обезбедување на технологии лесни за употреба кои ја подобруваат ефикасноста и ги поттикнува нашите корисници, со тоа што ќе ги срушат бариерите во продуктивноста со ултра мобилни и моќни решенија.”

HP ProBook 400 Series: Докажан квалитет и долготрајност со стилски дизајн
HP ProBook 400 серија на лаптопи во своето портфолио имаат четири преносени компјутери (notebook) за мали и средни претпријатија создадени за сите кои што сакаат да работат поефективно, притоа без да направат компромис во дизајнот на нивните лаптопи. HP ProBook 400 серијата има рамен екран со димензии од 17.3-inch (44cm), 15.6-inch (40cm) и 13.3-inch (33.8cm), голем распон на процесори од Intel и AMD. Тие се 36 проценти потенки и 18 проценти полесни од последната генерација на преносен компјутер (notebook). Исто така, има стилска Meteorite Grey кутија од алуминиум што одговара со новиот дизајн на HP (Hewlett-Packard) со кој сакаат да постигнат едниствен дизајн, усогласување на брендот и заедничко искуство на корисниците на HP (Hewlett-Packard) персоналните компјутери и печатачи.

HP ProBook 400 серијата преносен компјутер (notebook) позитивно влијаат врз корисниците со брза, долготрајна продуктивност преку Solid State Drives(2) (SSDs) и опции за поврзување кои вклучуваат 4G WWAN(3,4) и сигурност со HP Client Security. Дополнително, преносен компјутер (notebook) се опремени со Skype и карактеристичниот DTS Sound+ за врвен квалитет на аудио и видео конференциите.(5,6)
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations