Новиот фрижидер на Самсунг (Samsung) Food ShowCase носи нова функционалност и ново доживување за целото семејство
Прегледано: 2655 | Oбјавено на: 13.09.2013
Берлин/Скопје, Септември, 2013 година - Компанијата Samsung Electronics на саемот IFA 2013 го претстави својот Food ShowCase, фрижидер со вертикална поделба (side-by-side). Неговиот иновативен дизајн овозможува интелигентно одвојување на зоната за ладење во фрижидерот - ShowCase комора за моментален пристап до често употребуваната храна и InnerCase комора за долгорочно чување на потребните состојки.

Благодарение на ShowCase комората, која е четири пати поголема од вообичаените – корисниците сега ќе можат да ја чуваат храната, закуските и пијалаците кои ќе им бидат лесно достапни. InnerCase комората е наменета за поголеми и посвежи состојки кои имаат потреба од складирање на подолг период.

“Ние забележавме дека кога станува збор за фрижидери, помеѓу потрошувачите зголемена е потребата од лесен и брз пристап до храната, без премногу потрошено време во барање на храната додека вратата од фрижидерот е отворена” изјави БК Јун (BK Jun), Претседател и извршен директор на Samsung Electronics. “Самсунг (Samsung) Food ShowCase фрижидерот нуди совршено решение за секој член од семејството, можност што е резултат на истражувањето базирано на начинот на живот на потрошувачите, инженерско проектирање и иновативен дизајн.”

ShowCase комората за често употребуваната храна
ShowCase комората, чија употреба подразбира отворање само на надворешната врата од фрижидерот, дизајнирана е да го поедностави распоредот на храната како и нејзиното земање од фрижидерот од секој член на семејството. Кога ќе се отвори вратата, корисниците можат со еден поглед да пронајдат тоа што го бараат. Корпите, чиј распоред може да се менува, одговараат на различните потреби на едно семејство, така што во рамка на ShowCase комората постојат шест корпи за специфични видови на храна - корпа за сирење, корпа за сосови, корпа за детска храна како и корпа за повеќенаменска функционалност.

Зона за готвење (горно ниво) – корпа за сирење и корпа за сосови
Семејна зона (средно ниво) – корпа за пијалаци и корпа за закуски
Зона за деца (долно ниво) – корпа за детска храна и корпа за повеќенаменска функционалност.

Корпата за деца, на пример, поставена е на долното ниво од ShowCase комората, што овозможува лесен пристап на децата до храна. Поделбата на зони им овозможува на корисниците ефикасно да ја организираат и лесно да ја најдат потребната храна. Покрај тоа, корпата за закуски и корпата за деца можат лесно да се извадат и постават директно на масата, можност што дополнително ја зголемува нивната употребливост. ShowCase исто така, се карактеризира со метална разладна врата, која ефикасно го задржува ладниот воздух во внатрешноста на фрижидерот.

InnerCase комората за чување на храна
InnerCase полицата e дизајнирана за чување на храна како што е зеленчук, овошје, месо и слично. За разлика од конвенционалните фрижидери со еден систем за ладење кој се користи и за ладење и за замрзнување на храната, иновативниот Twin Cooling Plus® систем на Самсунг (Samsung) го одвојува протокот на воздух низ фрижидерот и замрзнувачот, со што овозможува прецизна контрола на температурата и ја подобрува ефикасноста во ладењето. Оваа зона во фрижидерот го чува овошјето и зеленчукот свеж во подолг временски период. Замрзнувачот го намалува трајното оштетување од смрзнатини, со што го задржува квалитетот на замрзнатата храна.

Самсунг (Samsung) Space Max за ефикасна поделба
Space Max технологијата на Самсунг (Samsung) е техника на изолација која овозможува ѕидовите на фрижидерот да бидат потенки, без тоа да влијае на димензиите на уредот. Затоа Food ShowCase нуди поголем капацитет во внатрешноста на фрижидерот додека истовремено ги задржува истите надворешни димензии.

Модерен дизајн за модерен начин на живот
Новиот Food ShowCase фрижидер со вертикална поделба опремен е со елегантни метални врати, кои ја наследија филозофијата на Самсунг (Samsung) за „безвремен дизајн“ со што го подржуваат модерниот начин на живот на денешните семејства.

Food ShowCase кој работи паметно
Супериорниот дигитален инвертен компресор на Самсунг (Samsung) ја подобрува енергетската ефикасност и ефикасноста во ладењето, на тој начин што автоматски ја избира брзината (во RPM), помеѓу пет опции, во зависност од потребата за ладење. Без разлика дали станува збор за често отворање на вратата, чинија со топла храна или промена во надворешната температура, компресорот реагира брзо и обезбедува довод на ладен воздух, или го успорува за да го намали непотребното трошење на електрична енергија. Покрај тоа, компресорот на Самсунг (Samsung) во ноќните периоди работи во режим кој произведува помалку бука.

*Забелешка: Сите информации се базирани на фабричките спецификации. Спецификациите за дизајнот и бојата на производот се подложни на промени без претходни објаснувања и најава и можат да се разликуваат од оние кои се прикажани на сликата. Достапност на сервисот/услугите по гаранцијата и времетраењето на нивниот одговор може да се разликуваат од земја до земја, исто така може да има потреба од регистрација во земјата во која производот е купен.

За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung Electronics Co., Ltd, кој се наоѓа на водечката позиција во светот во областа на технологијата, отвора нови можности за луѓето ширум светот. Со неуморната иновација и откритија, ние го трансформираме светот на телевизорите, „паметните“ телефони, компјутерите, фото апаратите и камерите, апаратите за домаќинство, LTE системите, медицинските уреди, полупроводниците и решенијата кои се користат во LED технологијата. Вработуваме 270.000 луѓе во 79 земји, и имаме годишна продажба од 187,8 милијарди американски долари. За да дознаете повеќе, Ве молиме посетете: www.samsung.com. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations