Пронајден древен град под вода
Прегледано: 2357 | Oбјавено на: 23.08.2013
  • Пронајден древен град под вода

    Неодамна група археолози откриле древен град кој Средоземното море го проголтало и покрило со тон песок и карпи уште пред 1200 години. 
Оргинално наречен Хераклеон од страна на Грците, а потоа преименуван во Тонис од стана на Еѓипќаните, постоењето на овој древен град по прв пат е потврдено 2000-тата година , кога др. Франк Годио, подводен археолог, го направи едно од најзначајните откритија на 21-от век.
Заедно со својот тим за подводна археологија, Годио го открил подводниот град во Александрија.

Последните 13 години истражувачите макотрпно го ископуваат овој град, подигнувајќи ги одамна заборавените парчиња историја на површината.Со тие парчиња Годио го има направено виртуелниот модел на градот и неговиот изглед пред илјада години.
Иако е решена една голема мистерија, постои уште едно прашање а тоа е како овој град се нашол таму и што го предизвикало неговото потонување?

Годио поминал бројни часови пробувајќи да ги состави сите делови на оваа сложувалка и дошол до заклучок дека масивните камења кои се користеле во изградбата, многу лесно можеле да пропаднат во меката глина , а во случај на земјотрес, цел град можел да се „лизне“ и да се нурне во морската длабочина. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations