Сан Франциско во склуптура од над 100 илјади чепкалки за заби
Прегледано: 1269 | Oбјавено на: 22.08.2013
Многу луѓе не биле ни родени кога Скот Вивер започна да ја прави неверојатната склуптура на Сан Франциско. Тоа не би било толку интересно ако не се работеше за склуптура направена од чепкалки за заби.
"Користев различни брендови на чепкалки зависно од тоа кој дел го правев. Исто така, голем дел од моите пријатели како и членовите на моето семејство собираат чепкалки за мене кога одат на некое патување. Некои делови се направени од чепкалки за заби од Кенија, Мароко, Шпанија, Германија и Италија. Срцето во самата склуптура е направено од чепкалки за заби кои луѓето ги користеле на мојата венчавка", говори авторот на ова дело.
Она што е навистина интересно е тоа што постои пат низ целата склуптура кој овозможува тркалање на топче од врвот до дното, проаѓајќи низ деловите кои ги преставуваат најзначајните места во Сан Франциско. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations