24 вести стартува нов лајф стајл магазин
Прегледано: 1064 | Oбјавено на: 24.04.2013
 Нов лајф стајл магазин во македонскиот медиумски простор. Последните неколку дена низ медиумските кулоари наголемо се шушка за новиот проект кој ќе почне да се емитува на телевизијата „24 Вести“. После многуте новитети во својата програма, меѓу кои и преземањето на познатото talk-show на Оливера Трајковска „Win-Win“, „24 Вести“ телевизија, не престанува со создавањето брендови на својата фрекфенција.

Деновиве нивната програмска шема ќе биде освежена со проект што ќе им конкурура на постоечките „Extra Exclusive“ на „Канал 5“ ТВ и „Backstage“ на „Сител“.

Деталите за емисијата се' уште се држат во најстрога тајност, за тоа која ќе биде новинарската и водителската екипа. Во тајност се држат и деталите, за кои координаторот на овој најнов ТВ-продукт, Огнен Јанески (уредник во „24 Вести“) вели дека наскоро ќе бидат објавени за гледачите.

- „Емисијата има за цел да ја разигра монотонијата којашто се создава полека во македонскиот етер, кога станува збор за ова новинарство. Веќе подолго време разговаравме со уредничкиот и програмскиот тим на „24 Вести“, дека ни е потребна ваква програмска содржина, која ќе воведе свежина кај нас, односно, дека и оние кои сакаат информации од забавен карактер, имаат потреба да бидат известувани. Ние сме сепак специјализиран информативен канал. Токму затоа и се одлучивме на овој чекор.“ - вели Огнен Јанески.

Емисијата ќе почне со многу работи, кои нема да бидат измислување „топла вода“, туку ќе работи според светските теркови. Ќе има за задача да го одржи веќе постоечкиот, но и да го зголеми имиџот на овој релативно нов канал во Македонија.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations