Заврши седмиот Викенд Медиа Фестивал: поголем и поброен од било кога
Прегледано: 1467 | Oбјавено на: 22.09.2014
 Седмиот Викенд Медиа Фестивал заврши во саботата навечер во Ровињ, со голем концерт на Psihomodo Pop. За време на трите дена на Викенд на предавањата, панел дискусиите, презентациите, работилницците и забавите, присуствуваат околу 4000 посетители од 12 земји од регионот, Европа и светот. Се разговараше за бизнис и медиумски теми, претставени беа низ нови проекти, додека предавачите кои беа од странство ги претставуваа најновите трендови во комуникациите.

Викенд повторна ја собра целата регионална комуникациска индустрија на едно место, го прошири својот домет и кон други сектори и значително ја продолжи туристичката сезона во Ровињ.
„Ова беше, по сите критериуми најголем, најброен и највозбудлив Викенд до сега. Им благодарам на сите кои дојдоа во Ровињ и уште еднаш го направија Викенд најголемиот собир на комуникациската индустрија во регионот. Сега наша обврска е да се погрижиме следната година да бидеме уште подобри и на тоа ќе почнеме да работиме уште од утре. Се гледаме повторно во Ровињ во септември 2015 година.“, изјави дректорот на Викенд Медиа Фестивал, Томо Рицов.
Воведувањето на дополнителните сали за работилници за ова издание на Викенд се покажа како голем хит. „Работилниците беа многу посетувани, верувам дека многу посетители си отидоа од Ровињ со конкретни знаења кои можат уште утре да ги применат во своите бизниси. Сите добри искуства ќе ги пренесеме во следната година, а секако дека можете и да сметате на нешто ново, бидејќи Викенд е фестивал со постојани иновации“, изјави програмскиот директор Никола Врдољак.

Сите рекорди се соборени оваа година на BalCannes и SoMo Borac. За BalCannes, маркетинг настанот во регионот, се пријавија дури 147 проекти, од кои во Ровињ се прикажани најдобрите 25. За SoMo Borac пристигнаа 135 апликации, меѓу кои професионалното жири избра добитници на награди во 8 категории.

Меѓу 4000те посетители на седмиот по ред Викенд Медиа Фестивал беа и преку 300 студенти од целиот регион. Се акредитираа повеќе од 500 новинари од регионот, но и од останатите Европски држави. Во програмата учествуваа повеќе од 130 комуникациски експерти, кои два дена во пет сали одржаа околу педесет предавања, панел дискусии, презентации и работилници.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations