Се е подготвено за 7миот Викенд Медиа Фестивал: целиот регион е во Ровињ
Прегледано: 1297 | Oбјавено на: 18.09.2014
Ровињ, 18 ти септември 2014 – Во Ровињ се е подготвено за почетокот на 7то издание на Викенд Медиа Фестивал, најголемото збирно место на комуникациската индустрија, но во последните години се повеќе и за другите бизнис сектори. Под покровителство на Адрис Група, во пет сали во старата фабрика за тутун, во следните три дена ќе се одржат педесет предавања, панел дискусии, презентации и работилници. Додека во вечерните и ноќните часови учесниците на Викенд Медиа Фестивал ги очекува атрактивни настапи на водечките регионални DJ-и, „Psihomodo Pop“ и „The Frajlе“.

Причини за кои секоја година се повеќе луѓе доаѓаат во Ровињ, се сѐ повеќе и повеќе, истакна директорот на фестивалот Томо Рицов. „Постојано воведуваме иновации, па така оваа година имаме дополнителен простор само за работилници, бидејќи сакаме луѓето кои што ќе си одат од Ровињ, да добијат и практично знаење. На панел дискусиите поставуваме и некои тешки прашања, но потоа во вечерните часови нудиме голема забава и релаксација. Најголем предизвик за нас е да останеме интересни и релевантни. Судејќи според интересот и пријавите, мислам дека успеавме.“
Програмата на Викенд Медиа Фестивал нуди богат избор на настани кои се случуваат во пет сали паралелно. Да се посетат сите нив, се разбира, е невозможно да се постигне, но широката понуда е една од најголемите предности на “Викенд„, порача програмскиот директор Никола Врдољак. „Секој наш посетител, ја има слободата да си ја креира својата програма на “Викенд„, како и да понесе со себе одлични лични искуства и знаења кои му се потребни. Панел дискусиите и предавањата кои сакам да ги препорачам се многу и мислам дека имаме навистина интересна програма, во која сите кои што ќе дојдат во Ровињ, ќе можат да уживаат и да научат нешто.“

Адрис Груп од самиот почеток е главен партнер на Викенд Медиа Фестивал. „Овој фестивал е навистина прекрасна приказна која ги комбинира креативноста и големиот потенцијал на Ровињ, на најдобар начин за прикажување што значи дека туристичкиот потенцијал на градот ќе даде препознатлива содржина. Ние сме среќни да придонесеме во овој настан“, изјави директорот за корпоративни комуникации на Адрис Груп, Предраг Грубич.

Интересот за седмиот Викенд Медиа Фестивал го надмина минатогодишниот, со кое сместувачките капацитети во Ровињ се речиси целосно пополнети. Сите рекорди оваа година се соборени како на BalCannes така и на SoMo Borac. За BalCannes, маркетинг настанот во регионот на годината се пријавија 147 проекти (65 повеќе од минатата година), а за SoMo Borac пристигнаа 135 апликации, 35 повеќе од минатата година.

На 7-миот Викенд Медиа Фестивал се очекуваат повеќе од 4.000 учесници, вклучувајќи и повеќе од 500 акредитирани новинари, повеќе од 130 предавачи, панелисти и водители на работилници, и повеќе од 300 студенти од целиот регион.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations