Ѓоковиќ трет пат по ред победник победник на Австралија Опен
Прегледано: 2091 | Oбјавено на: 27.01.2013
Новак Џоковиќ трета година по ред е победник на Австралија Опен. Џоковиќ во големото финалето кое траеше 3 часа и 43 минути го победи својот голем ривал Мареј со 3-1 (6-7, 7-6, 6-3, 6-2).
 
 
Новак со овој триумф влезе во историјата на австралискиот турнир како прв тенисер што успеал три години по ред да победува на терените во Мелбурн.
 
Новак во првиот сет не успеа да го скрши отпорот на одличниот Мареј и потоа го загуби во тај-брејк. Изедначено беше и во вториот дел од играта, кој исто така беше решен во 13-от гејм, но овој пат во корист на Ѓоковиќ. Првиот брејк се случи дури во третиот сет, а него го направи српскиот тенисер, по што го освои со 6-3 и поведе со 2-1 во сетови.
 
Мареј во четвртиот сет едноставно немаше сили да му се спротивстави на најдобриот светски рекет во моментов, во кој два пати го загуби својот сервис и на крајот мораше да му честита на денеска далеку подобриот противник. Но, мора да се нагласи, една од причините за поразот на Британецот беше повредата на ногата поради што мораше да побара медицински тајмаут на крајот од вториот сет.
 
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations