Македонија на 80-то место на листата на ФИФА
Прегледано: 2019 | Oбјавено на: 19.01.2013
Македонската фудбалска репрезентација е рангирана на 80 место на листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

Светската фудбалска федерација наредното рангирање ќе го направи на 14 февруари.
 
Од нашите противници во квалификациите за Мундијалот: Хрватска е десета, а Белгија е на 20 позиција, Србија се наоѓа на 37-то место, Шкотска е на 69 додека Велс е веднаш позади нас.

На листата на ФИФА лидер е Шпанија пред Германија и Аргентина.

Во Топ 10 уште влегуваат и : Италија, Колумбија, Англија, Португалија, Холандија, Русија и Хрватска.

 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations