Ноле и Шарапова немилосрдни
Прегледано: 2167 | Oбјавено на: 16.01.2013
Новак Ѓоковиќ експресно со победа во три сета од 6-1,6-2,6-3 против Рајан Харисон се пласираше во третото коло на гренслем турнирот Австралија Опен.
 
Во следната рунда натпревари се пласираа  Томаш Бердих потенцијалниот ривал на Ѓоковиќ во четвртфиналето. До трето коло во три сета стигна и Николас Алмагро кој на сонародникот Даниел Химено-Травер му препушти само седум гема.
 
На женскиот дел од турнирот, Марија Шарапова продолжи со доминантните игри тотално збришувајќи ја Јапонката Дои со 6-0; 6-0. Венус Вилијамс исто така обезбеди лесен пласман понатаму против Корнет победувајќи со 6-3; 6-3, како Агњешка Радванска, На Ли, Женг. Србинките Јелена Јанковиќ и Ана Ивановиќ продолжуваат понатаму со победи во три сета против Коелер, односно Јанг Јан Чен.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations