МАКЕДОНЕЦОТ СТЕФАНОВСКИ ПОСТАВИ НОВ РЕКОРД НА „ВОДНО 2013“ И ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО
Прегледано: 3332 | Oбјавено на: 13.05.2013
 Две минути, 11 секунди и 4 стотинки е новиот македонски рекорд на Игор Стефановски Иџе, кој го постави на вчерашната трка „Водно 2013“ со својот нов автомобил MITSUBISHI LANCER EVO IX. Со овој резултат Игор го собори претходниот рекорд од 2 минути 12 секунди и 14 стотинки и го освои првото место во конкуренција од 30 натпреварувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.

 

Популарниот Иџе во првата трка оствари време од 2:14.97 минути додека во втората трка постави време од 2:11.04 со што ги исполни и своите, но и очекувањата на неговите фанови.

 












„Иако беше врнежливо, успешно се справив со мократа патека и мислам дека постигнав одличен резултат. Победив во генералниот пласман и во мојата Н група. Многу сум задоволен бидејќи го исполнив ветувањето. Сега сум подготвен за следните предизвици. Доколку нештата се одвиваат во најдобар ред, планираме пред „Награда Малачке“ во Хрватска да настапиме на трка во Чешка од Европското првенство „Ecce Homo Šternberk““ - изјави Стефановски по завршување на трката.

До крајот на овој месец на возилото ќе се извршат сите потребни ревизии и подготовки за следниот настап на Игор на ЕП Чешка  кое ќе се одржи на први и втори јуни.

 

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations