Голф 7
Прегледано: 4903 | Oбјавено на: 25.11.2012
  • Голф 7

    Пристигна долго очекуваниот Голф 7 во Македонија. седмата генерација на кралот на компакт класата – VW Golf и миленик на Европа, благодарение на генералниот импортер Порше Македонија, сега е ...
Автомобилска приказна на првиот Golf произведен во далечната 1974 година. Новиот знаменосец на гамата на Volkswagen - Golf 7 е најлесната и најекономичната верзија од Golf понудена некогаш. Golf 7 е врвно возило со атрактивен изглед и нов редизајниран имиџ, опремен со карактеристики за подобрена удобност и безбедност, како и со унапредени системи за забава. Со должина од 4.255 мм, ширина од 1.799мм, како и меѓуоскино растојание од 2.637 мм,  Golf 7 е подолг и поширок од својот претходник, покомфорен, побезбеден и позабавен за возење. Kапацитетот на багажникот е зголемен од 350 на 380 литри, а со новите надворешни димензии, сега и внатрешноста нуди завиден комфор со 15 мм повеќе простор за нозете на патниците назад, како и повеќе простор за рамената - 931 мм напред и 30 мм назад.
 
Новиот Volkswagen Golf 7 се нуди во две дизел и две бензински опции. Така, може да се избира меѓу 1,2 литарски TSI мотор од 85 КС, како и 1,4 литарски ТSI мотор со 140 КС со технологија за деактивација на два цилиндри. Потрошувачката и кај двата агрегати изнесува 4,9 односно 4,8 литри на 100 километри. Понудата на дизел моторите ја сочинуваат 1.6 TDI со 105 КС (3,8 литри на сто километри) и 2.0 TDI со 150 KС (4,1 литри на сто километри). Најекономичниот модел е „Golf BlueMotion“, со комбинирана потрошувачка со 3,2 литри на сто километри и емисија на јаглерод диоксид од само 85 грами на километар.


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations