Ава Карабатиќ– „Не влегов во „Фарма“ поради смртоносните комарци“
Прегледано: 2235 | Oбјавено на: 04.09.2013
Иако беше договорена да биде учесник во реалното шоу „Фарма“, Ава Карабатиќ во последен момент се предомисли, а во српското списание „Ало“ таа ги навела своите причини за оваа одлука.

„Бев загрижена бидејќи на фармата се појавиле смртоносни тигрести комарци, а здравјето ми е на прво место како на секој нормален човек. Бидејќи сум алергична на многу работи, особено на влакно од коњ и магаре, не би сакала да ризикувам. Најголем страв имам од пердувестите животни, попрецизно од гулабите. Исто така, терминот не ми одговараше бидејќи ми беше кажано дека ова реално шоу ке почне од први септември, а не беше така. Тоа мене не ми одговара поради испитната сесија на факултет и работни понуди кои неможам да ги одбијам“ - изјавила Ава за српското списание „Ало“.

Заради сето ова Пинк телевизија наскоро ќе и поднесе тужба бидејќи не го испочитувала договорот кој го потпишала. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations