Чудните фобии на познатите!
Прегледано: 4677 | Oбјавено на: 23.08.2013
Еве ги фобиите кои ги имаат некои од познатите:

Густав Ајфел, дизајнерот на Ајфеловата кула се плашел од висина.

Познатата глумица Меган Фокс мрази хартија. Таа тврди дека не е во прашање вистинска фобија туку многу понепријатно чуство од она кога некој ќе помине со ноктите по таблата за пишување.

Метју Меконахи се плаши од подвижни врати и тунели.
Џони Деп се плаши од кловнови: „Постои нешто во врска со нивната шминка и облека што ги прави страшни, бидејќи ми изгледа дека во позадината на тоа се крие потенцијал за зло“ вели Деп.

Никол Кидман се плаши од пеперутки. Таа дури отишла на една изложба со пеперутки за да се соочи со стравот но не успеала.

Роџер Мур познатот таен агент 007 кога ќе земе пиштол во рака почнува неконтролирано да трепка. Алфред Хичкок се плашел од јајца. Волт Дизни, пак имал фобија од глувци. Стравот од вода е слабата точка на Мајкл Џордан, а Стивен Спилберг се плаши од инсекти.

Многу од светските лидери се плашеле од мачки како: Цезар, Наполеон Бонапарта, Александар Македонски и Бенито Мусолини.
Летањето е фобија на многу познати личности меѓу кои: Мохамед Али, Роналд Реган, Шер и Џони Кеш. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations