Шакира: Тешко е да се биде мајка
Прегледано: 2457 | Oбјавено на: 25.04.2013
 Колумбуската пејачка Шакира проговори за мажите во нејзиниот живот- нејзиниот дечко Пике и синот Милан.

Три месеци откако го роди својот прв син, Шакира откри дека не знаела колку е тешко да се биде мајка.

„Не знаев дека на децата им требаат толку многу пелени! Тој е мирно и прекрасно дете, но никој не ми кажа дека ќе изгубам толку многу енергија. Но, сепак уживам во секој момент. Само велам дека мајчинството не е толку идилично како што се зборува, но сепак не е толку страшно“, пренесува Перез Хилтон.

Иако за мајчинството често се зборува дека е најтешката работа во светот, убавата пејачка е навистина среќна што го има Пике покрај себе.

„Фала му на Господ , што Пике е многу ангажиран. Прекрасен е и ми помага околу се, нема нешто што тој не работи. Не би можела се тоа сама,“ искрено признава Шакира.

 

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations