Втор дел на “Монтевидео”
Прегледано: 2727 | Oбјавено на: 07.03.2013
 Вториот дел од филмот “Монтевидео, Бог те видел”, под налсов “Монтевидео, ќе се видиме”, наскоро ќе има премиера во кината.

“Монтевидео, Бог те видел” беше режисерско првенче на актерот Драган Бјелогрлиќ, и се смета за еден од најгледаните српски филмови на сите времиња, кој доживеа добар успех и надвор од границите на својата матична земја.

Во едно интервју за српските медиуми, Бјелогрлиќ открива дел од содржината за филмот.
“Патување во Монтевидео воопшто нема да има во филмот. Тоа ќе биде само серијал кој ќе се прикажува на ТВ. Вториот дел од филмот се занимава со искушенијата и тоа како тие искушенија направија луѓе од ликовите. Тие заминаа како деца од Белград, а се враќаат од Монтевидео како зрелу луѓе. Ќе видите што е тоа што наптави тие да созреат - вели Бјелогрлиќ.

Погледнете го тизерот за филмот.





 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations