Бакарди Мохито
Прегледано: 2972 | Oбјавено на: 01.06.2012
  • Бакарди Мохито

    Бакарди Мохито, препорака за топлите летни денови што следат
 
Потребни состојки: 
12 ливчиња нане,
½ зелен лимон,
45ml Бакарди бел рум,
2 супени лажици шеќерен сируп
малку газирана вода.



Подготовка: 
Во чаша ставете ги ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња.
Додајте шеќер и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките, за да аромата од нането се измеша со аромата од лимонот.
Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Промешајте за да се раствори шеќерниот сируп.

За да направите шеќерен сируп загревајте вода и шеќер во однос 1:1 и мешајте додека шеќерот не се раствори. Наместо газирана вода, пробајте Спрајт. Експериментирајте.

Украсете со парче зелен лимон.

Мохито се служи во висока чаша без рачка.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations