Концерт во чест на Луис Џордан
Прегледано: 3128 | Oбјавено на: 26.04.2013
  • Концерт во чест на Луис Џордан

     На 30-ти април (вторник) во клубот Маракана, со почеток во 23:30 часот, популарниот скопски џез квинтет Летечки Пекинезери, In The Mood блуз дуото и Оливер Јосифовски ќе ги здружат силите во ...
 На 30-ти април (вторник) во клубот Маракана, со почеток во 23:30 часот, популарниот скопски џез квинтет Летечки Пекинезери, In The Mood блуз дуото и Оливер Јосифовски ќе ги здружат силите во чест на пионерот на рокенрол и ритам&блуз музиката - легендарниот Луис Џордан.


На задоволство на сите љубители на оваа музика, половина од вечерта ќе биде посветена на музиката на Луис Џордан, а остатокот ќе биде слободно музицирање во стилот на корените на рокенрол и аренби музиката до раните утрински часови!

Музичарите ќе настапат во следниот состав:

Сашо Ѓорѓевски - вокал, усна хармоника, гитара
Иво Солдатовиќ - кларинет
Бојан Петков - гитара
Никола Петровски - гитара
Петар Христов - тенорсакс
Оливер Јосифовски - контрабас
Славчо Коцев - тапани

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations