Јоце Панов освои Златни мелос на годишните музички награди во Србија!
Прегледано: 2900 | Oбјавено на: 31.10.2013
Нашиот пејач Јоце Панов на музичките награди во Србија освои награда Златни мелос за најперспективен странски пејач во Србија.

Панов на големата фестивалска сцена изведе две песни, легендарната "Ти пеам песна" и "Нисам више тај", песната од српскиот албумот „Ватрени печати“ за која неодамна сними видео запис со најубавата Црногорка, Јелена Кировиќ, во режија на Дарио Јанковиќ.

„Многу сум среќен што ја добив наградата Златни мелос во Србија, тоа ми дава голем мотив за да продолжам понатаму“, изјави Јоце Панов.

Годишните музички награди „Златни мелос“ во Србија се одржаа во Врњачка бања и веќе одржуваат традиција подолга од 20 години. Во две фестивалски вечери, првата вечер (29.10.2013) како фестивал за народна музика „Моравски бисери“ и втора вечер (30.10.2013) „Златни мелос“ за доделување годишни награди во забавната музика.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations