Иван Раденов во септември на топ листите со песна за август!
Прегледано: 2248 | Oбјавено на: 13.09.2013
Првиот македонски идол, Иван Раденов неодамна се искачи до врвот на топ листите во Србија со својата песна „Август“.

- „Интересно е што песната дури сега во септември ја доживува својата најголема слава, постојано на свирки ја бараат“, вели Иван.

Дел од радиостаниците на кои постојано се врти песната велат дека не е прв пат некоја песна својот публицитет да го добие месец дена по нејзиното лансирање, едноставно треба луѓето повеќе пати да ја слушнат и да ја засакаат.

Песната „Август“ е авторско дело на Иван Раденов, кој ја направи заедно со Alien Perspective, односно Љупчо Стевановски, Недад и Предраг Негриевски.

Youtube link: www.youtube.com/watch?v=bHu4l604cWU
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations